sddefault

До некаде за изненадување, Blue Origin стана првата компанија која изведе успешно вертикално слетување на ракета. Нивната New Shepard во ноември леташе до околу стотина километри во висина, па се врати и слета на земјата на саканата локација.

Ова достигнување се смета за почеток на еден многу важен период во вселенските летови, којшто треба да донесе значително намалување на трошоците со тоа што ракетите коишто се користат, ќе може да се користат во повеќе мисии. Со тоа се трга потребата од производство на нова ракета при секоја мисија.

Интересното во целата оваа работа беше тоа што SpaceX беа првите коишто се обидуваа да го направат ова, меѓутоа неуспешно. Тие сепак својата ракета ја носат до поголема висина, а исто така сакаат таа да слета на платформа во океан, што е многу потешка задача.

SpaceX кога се обиде ова да го направи на копно, станаа втората компанија којашто има изведено успешно вертикално слетување. Во меѓувреме тие повторно неуспешно се обидоа да направат слетување во океан, а можевме да видиме дека истиот начин на слетување сакаат да се користи и за нивните летала наменети да пренесуваат екипаж.

Blue Origin оваа недела повторно го добиваат приматот прва компанија, со првото успешно вертикално слетување на ракета којашто тоа веќе го има направено. Со тоа, првпат се случува да истата ракета направи две вселенски мисии, а најважно од се и двете успешни.

Тие истакнуваат дека ракетата е прилагодена за втора мисија за прилично брзо време, а истата е унапредена соодветно од искуството од претходната мисија. Една од најважните работи коишто ги имаат променето е тргање на акцентот од тоа слетувањето да мора да се направи точно во центарот на платформата. Ракетата слетува кон центарот, меѓутоа доколку системите оценат дека стабилноста подобро би се задржала малку на страна, стабилноста ќе добие приоритет.

Овој начин на слетување можеби ќе ја спасеше ракетата на SpaceX којашто последниот пат слета, меѓутоа не успеа да ја задржи стабилноста веднаш по слетувањето.

Извор: Blue Origin, The Verge, Engadget

Претходна статијаDragon 2 на SpaceX успешно лебди 5 секунди – На овој начин треба да слетува во иднина
Следна статијаIntel ги објави плановите за новите процесори со големина на транзисторите од 10 nm
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.