Фото: Shutterstock.com

Apple минатата недела ги презентира наредните верзии од нивните оперативни системи и тие донесуваат доста добри и корисни новини, а секако, од компанијата го презентираа и приклучувањето на трендот на вградување функции со генеративна вештачка интелигенција.

Сега вниманието повторно може да се врати на очекувањата за наредните верзии од iPhone и другите уреди од компанијата, а Марк Гурман во неговиот најнов неделен билтен објавува информации за што може да се очекува од идната година.

Според Гурман, новите iPad Pro таблет компјутери, кои Apple ги претстави на почетокот од мај, ќе бидат основата при дизајнот на новите и потенки iPhone телефони и другите уреди од компанијата.

Првиот iPhone кој треба да биде доста потенок од досегашните наводно ќе биде iPhone 17 идната година, а од компанијата работат и на потенки верзии од MacBook Pro и Apple Watch.

Гурман објаснува дека после одреден период кога колку е тенок одреден уред не беше баш важно, Apple повторно се враќа на дизајн стилот на тенки уреди.

„Кога Apple го претстави новиот iPad Pro во мај, тој го означи враќањето на формата. Компанијата претстави супер-тенок таблет со исто траење на батеријата како претходните модели, импресивен екран и чип М4 што го направи моќен како десктоп компјутер. Со други зборови, Apple откри како да ги направи своите уреди повторно потенки, додека сè уште додава големи нови функции. И очекувам овој пристап да се пренесе на другите уреди во текот на следните неколку години.“ – истакнува Гурман.

Новите iPad Pro уреди поставуваат нова класа на Apple уреди поред Гурман, па можеби недостатокот на честа промена на изгледот, ќе биде заменет со правењето на што потенки уреди и со што помали рамки околу екранот.

За iPhone 16 серијата оваа година не се очекуваат некои промени во дизајнот, а тоа што засега се најавува е само промена кај големината на уредите.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаЛинијата телевизори и soundbar-звучници на Samsung за 2024 година засилени со вештачка интелигенција ги импресионира рецензентите
Следна статијаApple Intelligence функциите постепено ќе бидат пуштани до идната година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.