Фото: Ice universe

Веќе „знаеме“ дека iPhone 16 Pro телефоните нема да добијат некој посебен редизајн оваа година, но затоа ќе добијат мало зголемување кај големината на екранот, а и треба да бидат телефоните со најтенки рамки околу екранот.

Зголемувањето на екранот треба да изнесува 0,2 инчи, односно iPhone 16 Pro ќе има екран со големина од 6,3 инчи, додека iPhone 16 Pro Max треба да биде најголемиот iPhone досега со 6,9 инчен екран.

Сега, благодарение на Ice universe, ги имаме и точните димензии на овие два телефони, а поради намалувањето на рамките, тие нема да имаат голема разлика во димензиите и покрај поголемите екрани.

Дебелината на телефоните останува иста, што значи нема да видиме уште потенки телефони, како што беше случајот со iPad Pro оваа година.

Во случајот на iPhone 16 Pro, висината на уредот се зголемува од 146,6 милиметри на 149,9. Ширината на уредот се зголемува од 70,6 на 71,45 милиметри, а мало зголемување има и кај тежината од 187 на 194 грама.

Како што може да се види, зголемувањето на димензиите не е драстично со оглед на поголемиот екран, а тоа се должи на намалувањето на рамката околу екранот од 1,71 на 1,2 милиметри.

Во случајот на поголемиот iPhone 16 Pro Max, висината се зголемува од 159,9 на 163 милиметри, а ширината од 76,7 на 77,58 милиметри, како и тежината од 221 на 225 грама.

Големината на рамката околу екранот се намалува од 1,55 на 1,15 милиметри, па во период од неколку месеци овие телефони треба да бидат телефони со најтенките рамки околу екранот, барем во сличната категорија.

Уште една „поголема“ работа која се очекува кај овие два телефони е додавање на ново копче кое би се користело при сликање, односно таканареченото „capture“ копче.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft не гледа никаков проблем со новата Recall функција во Windows 11
Следна статијаHumane наводно се обидува да ја продаде компанијата на HP за 1 милијарда
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.