B33qDBoCMAE0oCS.jpg large

Главната причина поради која што овој прелистувач уште нема своја iOS верзија е ограничувањето кое што Apple го има поставено за овој оперативен систем за интернет прелистувачите од трети страни. Секој може да направи прелистувач за оваа платформа, меѓутоа мора да ги користи JavaScript и веб системите од Apple, односно тие кои што се користат во Safari.

Поради ова Mozilla долго време одбиваше да направи верзија од Firefox која што нема да го користи сопствениот систем за рендерирање, како што тоа го имаат направено Google и Opera на пример.

Без разлика што не може да се пренесе целосното искуство од прелистувачите од другите платформи, предноста да се има верзија која што работи под условите на Apple е во тоа што корисниците сепак ја добиваат можноста да го користат својот омилен прелистувач, неговиот кориснички интерфејс и најважно можноста за синхронизирање на омилените страни и лозинки. Со тоа прелистувачот станува достапен на повеќе платформи, што е доста важно во време кога сите се борат за дел од пазарното учество. Корисниците сакаат унифицирано корисничко искуство, па доколку на една платформа се научат да користат одреден прелистувач, тоа лесно може да се пренесе на другите платформи. Од тука недостапноста на одреден прелистувач на некоја од платформите, може да доведе до губење на корисници и на другите платформи.

Сепак Mozilla сега е со нов директор за разлика од времето кога стриктно ја исклучуваше секоја можност за правење на Firefox со системот на Apple. Исто така, Firefox во денешно време се соочува со проблемот на се поголемата популарност на Google Chrome, па не би бил лош потегот да се обидат да придобијат или барем задржат дел од корисниците кои што се корисници на некој од iOS уредите.

На настан кој што се одржа оваа недела, од Mozilla директно изјавија дека треба да го донесат прелистувачот на iOS. Повеќе детали околу тоа кога и на каков начин ќе го направат тоа нема, но мали се шансите дека се имаат договорено со Apple да ги тргнат условите за прелистувачи од трети страни.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаMicrosoft ги гаси старите Office Clip Art слики
Следна статијаApple патентира систем кој што ја менува позицијата на iPhone при паѓање за помала штета
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.