LG Display најави технологија која ќе овозможи повеќе површини во автомобилите да се претворат во звучници. Оваа технологија веќе се користи кај телевизорите, а од компанијата ја донесуваат кај автомобилите.

Се работи за „Thin Actuator Sound Solution“, што во основа е мал панел кој вибрира од екрани, но и од различни материјали, со што се овозможува претворање на повеќе површини во автомобилите во звучници. Со тоа, истакнуваат од компанијата, може да се добие 3D звук кој го подобрува корисничкото искуство на слушање музика во автомобилите.

Големината на панелот е колку еден пасош, односно 150 на 90 милиметри, а дебелината изнесува 2,5 милиметри, односно колку две парички ставени една врз друга, истакнуваат од LG Display. Тежината на панелот е 40 грама, што е 30% од тежината на звучниците кои обично се користат во автомобилите, а исто така неговата дебелина е само 10% од звучниците.

Со ова се постигнува заштеда на простор во автомобилите, а со тоа може да се овозможат дополнителни функции за корисниците.

Овој панел е замислен да се постави на површини како што се контролната табла, просторот над шофершајбната, на столбовите, како и на потпирачите за главата.

Thin Actuator Sound Solution ќе биде официјално претставен на CES 2023 на почетокот од идната година, а од компанијата веќе имаат добиено награда за овој производ од тој саем за технологија.

Од LG Display најавуваат дека панелот може да се очекува да се види вграден во некој автомобил веќе од идната година, што значи нема да мора да се чекаат повеќе години како што е случајот со доста од интересните технологии кои се најавуваат.  

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2LG Display
Претходна статијаСо A1 Combo за прв пат и осигурување на домот
Следна статијаSamsung може ќе го користи најновиот сензор за отисоци од Qualcomm кај Galaxy S23 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.