The New York Times

На сите ни е јасно дека телефоните кои ги користиме во денешно време се „злоупотребуваат“ за следење на нашата локација, а тука не мислиме од страна на властите со цел наша контрола. Модерното следење на локацијата, иако властите не ги исклучуваме од ова, се прави од компании кои ја продаваат локацијата со цел продажба на реклами.

Иако и самото ова е големо нарушување на приватноста на корисниците, можеме само да замислиме што би било доколку овие податоци ги купи или добие на друг начин, некој којшто има друга замисла од таа за продажба на реклами.

Други замисли секако има многу, а дел од нив се следење на населението од страна на власти кои не се баш демократски, следење на локацијата на разузнавачи од страна на други земји, на познати личности и нивна уцена и слично.

Степенот до кој се собира и чува локацијата на мобилните уреди може да се види од оваа одлична истражувачка статија од страна на The York Times. Тие имаат дојдено до една дата база од компанија која работи со локации од мобилните уреди, по што повеќе месеци ја имаат разгледувано, истражувано и имаат дојдено до кратко кажано загрижувачки податоци.

Оваа дата база конкретно содржи информации за повеќе милиони корисници од САД, но ништо не укажува на тоа дека оваа практика не се прави секаде во светот, каде повеќе, каде нешто помалку.

Од The New York Times истакнуваат дека податоците содржат повеќе од 50 милијарди локации на мобилни уреди, а истите им се дадени од вработен во некоја од многуте компании кои работат со собирање на локацијата, а бил загрижен што може да се случи доколку некој реши да ги злоупотреби, а истиот заклучок го делат и од The New York Times по нивното истражување.

Главниот проблем е во тоа што податоците се собираат од многу апликации, а корисниците реално и не можат ништо да направат да се заштитат од тоа. Тврдењата дека овие податоци се анонимни е каде проблемот станува навистина загрижувачки. Тоа е така затоа што иако податоците се навистина анонимни, но тие многу лесно може да се поврзат со одреден човек, а посебно доколку се работи за некоја позната личност или личност која му е позната на тој што ги има во посед податоците.

Од The New York Times даваат пример со тоа што можеле да го извадат од податоците. Од сите мобилни кои биле во паркот во Њујорк, тие издвоиле еден. Потоа за тој еден мобилен биле достапни сите други локации на кои се движел. Од тоа многу е лесно да се открие која локација е неговата работа, а каде живее.

Со мало дополнително истражување, може да се открие и тие податоци да се поврзат со одредена личност, а можностите за злоупотреба потоа се неограничени. Тие што ги имаат податоците можат да откријат работи за одредени луѓе кои би сакале да ги задржат приватни, како на пример посета на одредена болница и слично.

Статијата од The New York Times со наслов „Twelve Million Phones, One Dataset, Zero Privacy“ е детална и долга, но вреди да се прочита доколку ве интересира оваа тема.

ИЗВОРThe New York Times
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаКако да ја користите „picture-in-picture“ функцијата достапна од најновата верзија на Firefox
Следна статијаТоп 9 филмови што ги гледав во 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.