Ретки се можностите кога може да се пофалиме дека во Скопје се одржува некој ексклузивен настан од било која област, а уште поретки кога тој настан е во еСпорт и со габарит како Good Game (https://good.game/skopje), што е најголемо Б2Б натпреварување во целиот регион. За неколку дена и македонските гејминг вљубеници (на 24ти месецов) ќе имаат можност да бидат дел од ова супер искуство, а повеќе за почетоците и развојот на натпреварувањето разговараме со Никола Столник кој е еден од организаторите и меѓу најзаслужните за тоа што ќе се случува во просториите на ИННО ФЕИТ  во Скопје.

Smartportal: Како започна идејата за организирање на Good Game натпреварувањето?

Никола Столник : Додека работев за Гугл во Даблин, нашето слободното време го минувавме играјќи видео игри. Наскоро започнавме да играме против пријатели кои работат во други технолошки компании. Кога се вратив во Хрватска, имаше смисла да ги поврзам најдобрите технолошки компании едни со други преку видео игри. Започнавме во 2016 година со нашиот прв Good Game настан во Загреб и досега имаме организирано 6 од нив. Скопје е нашиот најнов додаток за 2019 година и се надевам само првиот од многуте.

Smartportal:  Во Загреб настанот се одржал повеќе пати, годинава за првпат домаќин беше Белград, а допрва следуваат изданијата во Скопје, Берлин и Сузхоу. Како ги избирате градовите домаќини?

Никола Столник : Ние се обидуваме да се поврземе со врвни компании во технолошки центри. Нашиот регион доаѓа како природно проширување на нашата приказна од Загреб, но сите други локации се избираат врз основа на големината на технолошката заедница и нашата поврзаност со луѓето во неа. За 2020 година планираме вкупно 10 локации.

Smartportal:  Гејминг индустријата доживува вистинска експанзија во светот, се чини како никогаш досега. На кое ниво сме ние во регионот во споредба со високо развиените земји?

Никола Столник : Како и со сите други индустрии, гејмингот и е-спортот бавно го достигнуваат западниот свет. Но, неодамна, сè повеќе и повеќе организации започнаа да основаат свои деловни активности во регионот, подготвувајќи го за експлозивен раст во годините што следат.

Smartportal:  Според Вашето искуство, зошто сметате дека гејминг настаните како што е Good Game натпреварот се толку привлечни за играчите ширум светот?

Никола Столник : Сме биле дел од свет кој не го прифатил гејмингот како можен избор за кариера и позитивна активност во слободното време сé до последните неколку години. Гејмерите се желни да ги покажат своите вештини и да бидат прифатени од пошироката заедици како мејнстрим активност. Ако сте ги поминале последните 10-20 години од вашиот живот играјќи видео игри во слободното време, тогаш е поверојатноо дека ќе се придружите на еден од настаните кои ја нудат можноста да ги претставите вашите вештини пред голема публика.

Smartportal:  Што можат посетителите да очекуваат од настанот во Скопје кој е закажан за 24-ти октомври во INNO FEIT?

Никола Столник : Подготвуваме е-спорт спектакл за најдобрите 8 локални тешнолошки компании да откријат која компанија го има најдобриот е-спорт талент. Исто така планираме и free-to-play гејминг простор каде секој посетител ќе има можност да игра и да се натпреварува во некоја од останатите игри. Покрај сето ова, со гордост го најавуваме и финалето на македонската CS:GO лига на нашиот настан. Ќе биде ден исполнет со е-спорт, одлични игри и возбудливи содржини.

Smartportal:  Кoи конкретни бенефити ги обезбедува ова натпреварување за компаниите?

Никола Столник : Сите наши учесници плаќаат цена за учество која ќе оди во финансирање на Good Game Liftoff, регионално стартап натпреварување за време на кое ќе донираме 14.000 евра на млади претприемачи. Секоја компанија која се натпреварува мора да изгради тим од свите вработени, да најде гејминг водач, да назначи улоги и да ги донесе своите фанови на настанот. Една многу уникатна форма на тим-билдинг каде секој може да учествува. Не е важно колку сте висок, низок, стар, млад или атлетски граден. Секој може да се вклучи. Исто така ги поврзуваме и компаниите меѓу себе. За време на нашите настани, вработените од различни компании се дружат во забавна, безбедна и позитивна атмосфера, која поттикнува нови разговори и деловни врски. Конечно, сметаме дека компаниите кои се придружуваат на нашите настани се извонредни во однос на брендирањето како работодавачи и како такви ги претставуваме пред нашата публика. На овој начин тие се истакнуваат меѓу сегашните и идни вработени.

Smartportal: Кои се следните планови што се однесува до развојот на Good Game натпреварувањето?

Никола Столник : Неодамна добивме средства за понатамошно проширување што ни овозможи да ангажираме повеќе луѓе и да се преселиме во поголема канцеларија, што пак ни помага да го забрзаме процесот на глобална експанзија. Нашата цел е да имаме Good Game настани во +20 технолошки центри ширум светот, и еднаш годишно, Лига на шампиони.

Претходна статијаInstagram доби темна тема и нов „Create“ дел на Stories камерата
Следна статијаHey Reilly, миленикот на мобилниот свет ги оживеа класичните ремек дела за Instagram генерацијата