google-new-logo-2015

Во рамките на генералното преструктуирање на компанијата, Google која што сега е компанија дел од Alphabet групацијата, претстави ново лого, а со тоа и променети, односно освежени бренд правила.

За разлика од промените во логото на некои други компании изминатиот период, промената кај Google е значителна, што значи нема да има проблем да ја забележите. Меѓутоа не се работи само за едноставна промена на изгледот на логото. Тоа е прилагодено за модерниот начин на користење на сервисот од страна на корисниците, како што истакнуваат од компанијата преку нивниот блог.

Корисниците денес не го користат Google само преку нивниот десктоп компјутер, како што беше случајот на почетокот. Google се користи на разни уреди, односно мобилни телефони, таблет компјутер, телевизори, се разбира се’ уште и десктоп компјутерите.

Новото лого е направено да биде прилагодливо, односно со други зборови може да се каже и анимирано. Тоа значи дека истото ќе се менува зависно од уредот, но и сервисот кој што ќе се користи. Кога ќе притиснете на Voice Search на пример, од обично лого, ќе биде претворено во иконата за микрофон. На кратко кажано, промените не се суштински, меѓутоа работите ќе изгледаат поунифицирано и се разбира подобро.

Промена може да се забележи и на G делот од логото, односно во ситуациите кога се прикажува само првата буква. Наместо едно боја, G логото ќе биде составено од сите бои кои што се карактеристични за Google од самиот почеток.

Промените во брендираањето ќе можат да се видат постепено во периодот што следи, а сигурни сме дека ќе ви се допаднат и ќе претставуваат освежување на овој бренд.

Извор: Google, Fast Company

Претходна статијаKeyRaider – Малициозен софтвер кој напаѓа iOS уреди со jailbreak
Следна статијаMouthLab – Многу способен здравствен дијагностички уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.