Познатото „плико“ на Gmail кое е лого на овој сервис од самиот почеток, конечно добива редизајн. Викаме конечно затоа што сепак брендовите е добро кога ги освежуваат или менуваат своите логоа, а истото можеме да го кажеме и за тоа на Gmail кое веќе почна да делува застарено, барем според нас.

Новото лого секако ја задржува буквата М како негова основа, а промената може да се каже дека е доволно голема. Наместо познатото плико, сега логото ја содржи само буквата М, која е составена од бренд боите на Google.

Ова ново лого е многу повеќе унифицирано со другите сервиси од Google, како на пример Maps, Photos и другите.

Gmail не е единствениот сервис кој добива ново лого, а освежувањето го добиваат и останатите апликации од G Suite, односно Docs, Sheets, Calendar, Drive, Meet и Slides.

Новите логоа на овие сервиси не се единствената новина, па Google му даде целосно ново име на овој сервис за деловните корисници. G Suite отсега ќе се вика Google Workspace, а слободно може да кажеме дека ова ново име е многу подобро и новите корисници многу полесно ќе можат да разберат за што точно се работи.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаRazer претстави гуми за џвакање под брендот RESPAWN во соработка со 5 од Mars Wrigley
Следна статијаKonnect-i од Samsonite е паметен ранец направен во соработка со Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.