Познатиот гејминг бренд Razer претстави доста нестандарден производ, се разбира наменет за гејмерите. Се работи за гуми за џвакање, а тие се претставени под новиот бренд од компанијата RESPAWN преку кого минатата година претставија енергетски пијалак, исто така наменет за гејмерите.

Мастиките покрај брендот RESPAWN, ќе го имаат и брендот „5“, од кого ќе бидат направени. Брендот 5 е исто така познат во светот, а е под познатата компанија Mars Wrigley. Ако не сме нешто грешка, овие мастики почнаа да се продаваат и во нашата земја од неодамна.

Како што е случајот со претходниот производ од RESPAWN, така и овој, ќе има за цел да им овозможи на гејмерите подобар фокус и подобро време на реакција, ако воопшто такво нешто е возможно од една гума за џвакање. Како и да е, за да се постигне таа цел, мастиките содржат посебно состојки како што се екстракт од зелен чај, витамин Б, а исто така доаѓаат без шеќер.

На корисниците ќе им бидат достапни три вкусови од мастиките, односно „Cool Mint“, „Tropical Punch“ и „Pomegranate Watermelon“. Во едно пакување ќе има 15 гуми за џвакање во форма на ленти и ќе чини 3 долари.

Од Razer истакнуваат дека мастиките се направени преку истражување направено од страна на Mars Wrigley, но исто така преку тестирање од страна на тие за кои се наменети, односно гејмерите.

Од Razer покажуваат дека сакаат да им овозможат на гејмерите додатни производи кои можат да ги поврзат со нивната активност, а тука секако влегува енергетскиот пијалак, а ќе видиме колку привлечни ќе им бидат гумите за џвакање.

ИЗВОРRazer
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаBing отсега ќе се вика Microsoft Bing, а добива и освежено лого
Следна статијаGmail добива ново лого, заедно со другите апликации од G Suite кој сега е наречен Google Workspace
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.