Како и за повеќето ситуации, така и за моменталната светска пандемија со вирусот SARS-CoV-2 кој го предизвикува заболувањето наречено COVID-19, важно е да се биде информиран. Добрата информираност придонесува кон преземање на добри претпазливи мерки, а во исто време ја намалува паниката која најчесто доаѓа од страни кои шират лажни вести со цел да предизвикаат реакција.

Владата на Македонија на својата веб страна пушти посебна страна наменета за COVID-19 каде може да се добијат потребните основни информации кои се поврзани со вирусот, како што е објаснувањето што точно е овој вирус, кои се симптомите, како да се заштитите, што да правите доколку се сомневате дека го имате вирусот и слично.

На оваа страна можат да се најдат и најновите прес конференции од министерството за здравство кое ги има секој ден и е најдобар извор на точни и навремени информации.

Втората страна е мапа со состојбата со вирусот во нашата земја, направена од компанијата ГДи. Оваа мапа е направена на Arcgis платформата и ги прикажува потврдените случаеви по градови, за разлика од светските мапи кои обично ја прикажуваат само земјата.

Претходна статијаА1 – Заедно сме со вас
Следна статијаGoogle X и приватизација на езерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.