Уште од самиот почеток Brave привлекува посебно внимание на пазарот, поради тоа што основач на компанијата е еден од основачите на Mozilla, а исто така и поради најавите дека се работи за прелистувач кој ќе даде главно значење на приватноста и брзината.

Brave е направен на основа на Chromium кодот, што значи корисниците ја добиваат компатибилноста и брзината со која првото место со години веќе го држи Google Chrome, но со посебни прилагодувања и тргање на сервисите од Google.

Од компанијата објавија дека Brave веќе петта година по ред го дуплира бројот на месечни активни корисници, па од околу 24 милиони до крајот на 2020, до крајот на 2021 прелистувачот го користат повеќе од 50 милиони корисници.

Дуплирање има и кај бројката на дневни активни корисници, па Brave го користат 15,5 милиони корисници дневно. Ова се одлични бројки кои сигурно може да се очекува дека ќе продолжат да растат и во иднина.

За споредба, Google Chrome, кој е прелистувачот број 1, месечно го користат над 700 милиони корисници.

Минатата година Brave го пушти и својот интернет пребарувач, Brave Search, па корисниците на прелистувачот добија одличен додаток кога е во прашање пребарувањето на работи на интернет, секако со акцент на приватноста.

ИЗВОРBrave
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаSamsung го лансираше Home Hub: Централниот уред за паметно управување со домот
Следна статијаA1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.