Banner-News-biobus

Развојот на електричните мотори не е единствениот алтернативен начин кој што се развива за користење во возилата. Со се поголемото трошење на фосилните горива и немањето информација уште колку резерви има во светот, често се манипулира со цената која што е доста зголемена во последните години.

Сепак при развојот на алтернативните извори на енергија не е само цената главната мотивација. Како главна предност кај другите извори обично се истакнува нивната еколошка вредност, односно помало загадување на околината за разлика од тоа на фосилните горива.

Во Британија како тест е пуштен автобус кој што како енергија користи биометан, гас кој што се добива од локалната централа за третирање на отпадоците и канализацијата во градот Bath. Со други зборови, овој еко гас се добива од човечкиот измет, како и остатоците од храната која што се фрла од страна на луѓето.

Биометанот е гас кој што се добива преку процес на анаеробна дигестија на отпадот и изметот со користење на бактерија лишена од кислород која што го разградува биоразградливиот материјал во нив. Ова е прилично слично со дигестијата на храната во нашиот организам, од каде што како што знаете доаѓаат и гасови, кои што доколку не сте знаеле доаѓаат од нивното разградување преку бактериите кои што ги имаме во нашите црева и дигестивниот систем.

Производството на гас на овој начин се прави од страна на GENeco компанијата која што е подружница на Wessex Water. Биоментано кој што го добиваат на овој начин, покрај за моментално едниот автобус, се приклучува и на градската гасна мрежа за употреба во домаќинствата.

Исто така, третирањето на гасот во централата вклучува отстранување на нечистотиите со цел да се добие скоро безмирисен издувен гас по користењето.

Автобусот кој што е прилагоден да работи на овој гас може да помине до 300 километри на едно полнење. Резервоарот со гас е поставен на кровот од автобусот, како што тоа беше случајот и со автобусите кои што работеа на гас во Скопје.

Според информациите, користењето на биметанот во автобусите кои што користат прилагодени дизел мотори, испушта до 30% помалку јаглерод диоксид од стандардните дизел мотори.

Извор: GENeco, BBC, Cnet

Претходна статијаDetekt: Откријте дали вашиот компјутер е заразен со малициозен софтвер за следење
Следна статијаЦрните дупки во центрите на галаксиите се подредени едни со други креирајќи космичка мрежа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.