An artist’s rendering of the most distant quasar
Wikipedia

Европски тим на истражувачи користејќи го Very Large Telescope (VLT) телескопот поставен во Чиле, имаат откриено поврзаност помеѓу поставеноста на квазарите во галаксиите оддалечени повеќе милијарди светлосни години. Поврзаноста може да се каже дека креира еден вид на мрежна поврзаност помеѓу галаксиите кои што не се еднакво распространети.

Поради фактот што се работи за големи далечини кои што се истражуваат, како и обично, сликата за универзумот која што се набљудува е од многу одамна, поточно една третина од сегашната негова старост.

Научниците имаат истражувано околу 93 познати квазари од кои што е добиена сликата за можноста мрежна поставеност.

Квазарите претставуваат објекти кои што емитуваат огромна светлина, појака и од таа на ѕвездите и се наоѓаат во центарот од одредени галаксии. Се верува дека центарот од галаксиите е составен од црна дупка која што сепак доколку е точно не може да биде директно набљудувана поради фактот што ни светлината на би требало да може да излезе од нејзината огромна гравитација. Квазарите настануваат како резултат на гасови кои што се привлечени од црната дупка и се вртат со огромна брзина и се верува дека се наоѓаат околу црната дупка на галаксиите.

235481B100000578-2842418-image-13_1416488998909

Ротацијата на квазарите вклучува и оска која што може да биде набљудувана и да се одреди нејзината наваленост на одредена страна.

Од ваквото нивно набљудување е откриено дека квазарите во галаскиите се подредени едни со други иако се оддалечени повеќе милијарди светлосни години едни од други. Подреденоста е поврзана и со делот во кој што се наоѓаат од кој што е составена мрежата на галаксиите. Доколку се набљудува мрежата, се забележува дека галаксиите се распределени на нееднаков начин со што креираат делови со повеќе галаксии, како и празни делови.

Галаксиите, односно квазарите се подредени и со делот од мрежата во кој што припаѓаат, како и со другите галаксии во истиот дел. Според научниците веројатноста да ваквата поврзаност на галаксиите е случајна е помала од 1 процент.

Истражувањето на ваквите појави е важно за нумеричките модели за еволуцијата на универзумот, покрај другите причини.

Извор: Daily Mail, RT

Претходна статијаВо Британија пуштен автобус кој работи на човечки измет и остатоци од храна
Следна статијаYahoo ја купи компанијата Cooliris
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.