Shutterstock.com

Во текот на вчерашниот ден, Apple излезе со соопштение дека имаат постигнато договор со Intel за купување на поголемиот дел од нивниот бизнис со модеми за смартфони. Овој договор ги вклучува и околу 2.200 вработени кои ќе преминат во Apple, како и интелектуалната сопственост поврзана со технологијата, опрема и закупи.

Според Apple, овој договор треба да се реализира до крајот на година, поради сите процедури кои ќе треба да бидат завршени и се поврзани со регулаторните тела, а е направен во вредност од 1 милијарда долари.

По реализирањето на договорот, Intel веќе нема да може да развива технологија поврзана со модеми за смартфоните, но затоа ќе може слободно да продолжи да ја развива својата таква технологија за компјутерите, Интернет на нештата уредите, автомобилите и слично.

Причината поради која Apple се одлучува на ваков потег, а кој неофицијално се најавува веќе одреден период, е зголемувањето на независноста на компанијата и во овој дел. Тие веќе се познати по тоа што самите ги развиваат чиповите со процесорите кај своите мобилни уреди, нешто што досега се покажа како успешно.

Со продолжувањето на развојот на технологијата на Intel, Apple ќе ја намалат зависноста од моментално главниот играч на пазарот за вакви чипови, Qualcomm. Овие две компании повеќе години беа по судови, поради обвинување од страна на Apple дека тие наплаќаат непотребно многу за лиценцирање на технологиите.

Иако модем технологијата на Intel е поназад од таа на Qualcomm, се очекува дека Apple ќе успее да развие нешто што ќе биде според нивните стандарди и барања.

Конкретно, кога се пишува за модеми за смартфони, во периодот што следи ќе се работи за развој на чипови за 5G. Со оглед на тоа што повеќето оператори во светот ќе ја воведат оваа мрежна технологија идната година, iPhone моделите ќе мора да ја имаат со цел да бидат привлечни за корисниците.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаТри феноменални филмови/серии со патување низ времето
Следна статијаMicrosoft го трга „Online“ зборот од брендирањето на веб верзијата од Office
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.