Патување низ времето е една од најпроблематичните теми што филмовите упорно се обидуваат да ја обработат секоја година. Некогаш тоа испаѓа катастрофално (види: A Sound of Thunder). Некогаш испаѓа како нешто легендарно и епско (види: Back to the Future, Терминатор).

Публика за вакви филмови има секогаш. Затоа, Холивуд постојано го протнува патувањето низ времето во комедии (Black Knight, Austin Powers), драми, хорори и во речиси секој жанр на филмови.

Следи листа на некои од најдобрите филмови или серии чиј фокус е токму на time travel.

Predestination

Филм со Итан Хок. Според мене, еден од подобрите на оваа тема. Почнува како крими-трилер, но како што се движи дејствието, филмот се претвора во лавиринт од твистови кои се паметно обработени. Конечниот reveal е фантастичен. Браво за режисерите кои смислиле како совршено да ја адаптираат приказната „All you Zombies” на легендарниот Роберт А. Хајнлајн.

Primer (2004)

Пример заработи култен статус од неколку причини. Прво, снимен е за околу 10-15 илјади долари, што е само по себе неверојатно, од причина што изгледа како е да снимен со далеку поголем буџет. Речиси целата екипа на глумци се пријатели и роднини на режисерот на филмот (Shane Caruth), кој воедно ја игра и главната улога. Второ, приказната е bullet-proof. Група на пријатели работат на експериментални дизајни во гаража – и случајно откриваат како да патуваат низ времето. Режисерот не се обидувал да ја упрости приказната за да можат да ја разберат што повеќе луѓе. Затоа приказната е малку потешко да се следи, па вреди да се изгледа повеќе од еднаш.

Dark

Dark e една од најоригиналните серии што постојат. Ниту најголемите холивудски НФ филмови не можат да и парираат по сложеноста и повеќеслојната приказна и начинот на кој е раскажана. Првата сезона беше откровение на Нетфликс. Мене ми наликува на некоја мешавина од Чернобил и Стрејнџер Тингс. Иако очекував дека втората сезона ќе донесе повеќе одговори на прашања кои останаа по првата сезона, крајот отвори уште дузина прашања кои најверојатно ќе бидат одговорени во третата, и последна сезона од серијата. Ако не сте ја гледале, време е да почнете.

Претходна статијаПо грешка пуштена Insider верзија од Windows 10 покажува ново Старт Мени на кое работат од компанијата
Следна статијаApple го купува бизнисот со модеми за смартфони на Intel заедно со вработените за 1 милијарда долари