Find My функцијата на iOS, iPadOS и macOS добива одлична новина кога е во прашање локацијата на уредите како AirTag од Apple. Корисниците, покрај тоа што како досега можеа да ја споделат локацијата со семејството и пријателите, сега ќе можат да ја споделат и со трети страни.
Во пракса, ова ќе значи можност за споделување на локацијата со авиокомпаниите и многу полесно пронаоѓање на загубената работа, најчесто торбите или ранци.
Apple најави директна соработка со повеќе авиокомпании за нивна поддршка на новата функција, а ги истакна Aer Lingus, Air Canada, Air New Zealand, Austrian Airlines, British Airways, Brussels Airlines, Delta Air Lines, Eurowings, Iberia, KLM Royal Dutch Airlines, Lufthansa, Qantas, Singapore Airlines, Swiss International Air Lines, Turkish Airlines, United, Virgin Atlantic и Vueling како први кои ќе започнат со користење на овој нов систем.
Корисниците ќе можат да генерираат линк преку нивниот уред со новата „Share Item Location“ можност, а овој линк ќе може да го користи секој на кого му е пратен. За подобра безбедност и приватност, соработката со авиокомпаниите ќе биде ограничена на помал број на луѓе кои ќе мора да се автентицираат со нивната Apple имејл адреса или од компанијата.
Линкот ќе води до веб страна на која ќе може да се види локацијата на AirTag, а ќе истече кога уредот ќе бидат вратен кај корисникот, односно додека корисникот не го исклучи пристапот. Исто така, линкот веќе нема да функционира после седум дена.
AirTag функционира преку Find My мрежата од Apple која со помош на Bluetooth успева да ги лоцира уредите без разлика колку се оддалечени. Сето тоа се прави со шифрирање на податоците, па од компанијата тврдат дека никој нема пристап до локациите освен корисникот.
Оваа новина официјално ќе им биде пуштена на сите корисници со пуштањето на iOS/iPadOS 18.2 и macOS 15.2, нешто што треба да се случи на почетокот од идниот месец.