Како главни нови производи на вчерашниот настан од Apple слободно може да се каже дека се двата целосно нови Mac Studio и Studio Display екранот. Овие два уреди од компанијата ги промовираат како уреди за музичари и продуценти, за 3D уметници и дизајнери, програмери, фотографи и слично, односно професионалци на кои им е потребен посилен компјутер со одличен монитор.

Mac Studio може да се каже дека изгледа како поголем Mac Mini, кој исто така е замислен да стои на масата за лесен пристап до портите кои кај Mac Studio се нешто повеќе од тоа што се научени корисниците на Apple.

Овој компјутер доаѓа со избор од два чипови, односно ланскиот M1 Max, како и вчера претставениот M1 Ultra кој спојува два M1 Max чипови во еден. Со тоа Mac Studio станува еден од најсилните десктоп компјутери на пазарот со до 3,8 пати побрзи перформанси од iMac со 10 јадрен процесор, 90% побрзи перформанси од Mac Pro со 16 јадрен Xeon процесор, 4,5 пати побрзи графички перформанси во споредба со iMac и слично.

M1 Ultra чипот доаѓа со 20 јадрен процесор, 64 јадрен графички процесор, 32 јадрен процесор за машинско учење, како и до 128 GB унифицирана меморија, карактеристична за чиповите од Apple.

Mac Studio е изработен од алуминиум, а од Apple посебно го истакнуваат и дизајнот на куќиштето кој овозможува одлично ладење на внатрешноста.

Заедно со Mac Studio, Apple го претставија и мониторот кој оди одлично со компјутерот, Studio Display. Ова е монитор со големина од 27 инчи и 5К резолуција, па веднаш станува јасно за кого е наменет, заедно со новиот компјутер.

Во Studio Display е вграден A13 Bionic чипот кој е задолжен за работата на ултра широката камера со 12 мегапиксели и Center Stage функцијата и аудио системот составен од 6 звучници кои поддржуваат spatial audio и Dolby Atmos.

Претходна статијаНовиот M1 Ultra чип од Apple спојува два M1 Max чипови за креирање на еден од најсилните чипови на пазарот
Следна статијаNothing закажаа настан за 23 март на кој ќе ги презентираат плановите за оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.