Од Nothing конечно и официјално закажаа настан на кој сепак може и да не видиме нов производ, но секако ќе ги видиме плановите на компанијата за оваа година. Покрај презентирање на плановите, на настанот ќе биде презентирана и новата рунда на инвеститори кои ја поддржуваат компанијата.

Според некои, на овој настан сепак може да се случи и да го видиме првиот смартфон од Nothing или барем некоја негова кратка презентација без целосно откривање на карактеристиките кои поверојатно е дека ќе биде откриени идниот месец.

Повеќето неофицијални информации упатуваат на тоа дека првиот Nothing смартфон ќе има нестандарден дизајн, односно ќе има проѕирни делови како што е случајот со првиот производ од компанијата, Ear (1) слушалките.

Како и да е, ко-основачот на OnePlus, односно основачот на Nothing, Карл Пеи, настапува доста самоуверено, оптимистички, па ни ги подгрева очекувањата дека на пазарот ќе видиме уште еден сериозен Android конкурент.

Nothing има собрано околу 144 милиони долари досега, па со тоа тие најавуваат дека ќе можат да ја остварат наредната фаза од нивната визија.

Настанот ќе се одржи на 23 март со почеток во 15 часот по македонско време, а од компанијата поставија страна каде заинтересираните за следење можат да се регистрираат.

ИЗВОРNothing
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаApple ја засили својата десктоп понуда со новиот Mac Studio и Studio Display монитор
Следна статијаРецензија Motorola Edge 20: Одлично дизајниран телефон од средната класа со висока стапка на освежување на екранот од 144 херци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.