Вештачката интелигенција може да се користи за преработка на стари серии во HD

„Фан“ на Star Trek: DS9 преработи дел од сцена од оваа серија и покажа што е можно да се направи со ВИ

„Фан“ на познатата серија Star Trek, конкретно во овој случај, Deep Space Nine, покажа што се може во денешно време да се направи со вештачката интелигенција.

Работејќи на преработка на слики во поголема резолуција, CaptRobau се обидел да види какви резултати може да се добијат доколку се искористи истата техника на видео.

Во овој случај се работи за „обично“ дигитално видео, а не за снимка на филм лента. Разликата е што филмовите и сериите снимени на филмска лента, веќе имаат поголема резолуција, па се што треба е тие повторно да се префрлат во дигитална форма, се разбира користејќи понова опрема.

Тоа што е снимено во видео, ги нема истите карактеристики како филмска лента, па затоа е потребна вештачката интелигенција, да направи нешто што претходно не било возможно.

Резултатите може да се каже дека се интересни. Сцената од DS9 секако не може да се спореди со новите серии, но таа секако е значително подобрена од под HD резолуцијата во која е снимена.

Видеото со споредба е на почетокот од статијата, па и самите можете да ги видите резултатите.

Деталното објаснување на работата на CaptRobau можете да го видите на овој линк.

ИЗВОРCaptRobau
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаТемната тема на Viber сега достапна и за корисниците на iPhone
Следна статијаОбјавен Конкурсот за стипендии на Семос Академијата за графички и веб дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.