Семос Академија распиша Конкурс за доделување стипендии на тема „S.O.S“, за академската 2019/2020 година за образовните профили Графички дизајнер и Веб дизајнер. Конкурсот трае 10 недели, односно сите кандидати кои ги исполнуваат условите, своите пријави ќе може да ги поднесат најдоцна до 17 април 2019 година.

Конкурсот се однесува на доделување 2 целосни и 2 делумни стипендии за стручните едногодишни програми Графички дизајн и Веб дизајн во вкупен износ од 7.100 €. Кандидатите кои ќе аплицираат имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.550 € или пак делумна стипендија во вредност од 1.000 €.

За сите заинтересирани Академијата и оваа година ќе организира Отворен ден на 3ти април, а добитниците на стипендија ќе бидат објавени во јуни 2019 година, кога ќе се одржи официјалниот настан во Академијата – Изложба 2019.

Каде е потребна помош? Кому му е потребна помош? Ослободете ја својата креативност и со својот цртеж, дизајн на постер, веб страна, мобилна апликација, фотографија, анимација или илустрација, добијте единствена можност за бесплатно школување на Семос Академијата. Повеќе информации за условите и постапката за аплицирање, како и сите детали околу конкурсот прочитајте на официјалната веб-страница на Семос Едукација: за Графички дизајн; за Веб дизајн


Академијата за графички и веб дизајн е тренинг центар за формално образование кој нуди две стручни специјалистички едногодишни програми усогласени со барањата на бизнис заедницата за квалификациите Графички дизајнер и Веб дизајнер кои се на 5б ниво во Националната рамка за квалификации. Од 2006 година па се до денес, под менторство на 18 врвни професори, над 300 студенти се обучиле на Академијата. Преку кариерниот центар и партнерствата со бизнис заедницата, студентите успешно се вработуваат, како во Македонија така и надвор од нејзините граници. Академијата дава редовен придонес во општествено одговорните практики и досега се изработени над 20 студентски проекти за 13 реални клиенти.

Претходна статијаВештачката интелигенција може да се користи за преработка на стари серии во HD
Следна статијаАнатомија на вистината: Сите сезони од оваа крими-серија пристигаат на Pickbox