Shutterstock.com

Уште од претставувањето на Facebook Portal и Portal+, почна да изгледа логично дека некогаш оваа компанија ќе почне да работи на развој на сопствен дигитален асистент. Овие два уреди веќе функционираат како еден вид на асистенти, иако се првично наменети за Messenger видео повици, но затоа за други функции го користат Amazon Alexa асистентот.

Извори на CNBC, поточно поранешни вработени во Facebook, тврдат дека од компанијата од минатата година имаат започнато со развој на дигитален асистент. Секторот во компанијата која работи на асистентот е истиот кој работи на Oculus очилата.

Овој асистент секако би се користел на почеток во Portal уредите, тука се и Oculus очилата, но сигурно од компанијата би претставиле и некој паметен звучник, а според информациите компаниите кои работат на производство на вакви звучници, веќе биле исконтактирани.

Иако сите асистенти функционираат во голем дел на основа на податоците од корисниците, а посебно Google поради рекламите, сепак Facebook е компанијата која изминатите неколку години изгуби најмногу од угледот и довербата кај корисниците.

За тоа се заслужни случаите како најпознатиот од нив со Cambridge Analytica, случај кој покажа дека од компанијата не се грижат ни приближно доволно за огромниот број на податоци кои ги имаат за своите корисници.

Ова го поставува прашањето за успешност на еден дигитален асистент направен од оваа компанија, за која се повеќе има притисок за откажување на корисниците, но не сме сигурни дали тоа ќе се случи.

Facebook инаку веќе еднаш се обиде да претстави свој дигитален асистент. Во тоа време асистентот, наречен Facebook M, беше достапен само на Messenger и беше наменет да комуницира со корисниците во форма на пораки преку апликацијата.

Facebook M не се покажа како корисен за корисниците, па од компанијата го откажаа целосно минатата година.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаGoogle Chrome на десктоп конечно ќе добие вграден режим за читање
Следна статијаGoogle го прикажа изборот од прелистувачи и пребарувачи кои ќе им се прикажува на корисниците од ЕУ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.