Веќе подолго време се чека и шпекулира за претставување на паметен уред од страна на Facebook, а тоа обично одеше во правец на некаков смартфон. Сепак, според нас по добра проценка од страна на компанијата, тие не се решаваат да влезат на тешкиот пазар на мобилни телефони, па еве оваа недела конечно ни покажаа што би бил уред претставена од страна на Facebook.

Portal и Portal+ се два уреди кои оваа компанија ги претстави во текот на вчерашниот ден. Тие имаат единствена намена, а тоа е комуникација со пријателите преку видео повици. Разговорите се разбира може да се прават со Facebook пријателите, како и Messenger пријателите кои не мора да се и на Facebook.

За разговори преку Portal уредите, не е потребно и другата страна да ги има, односно разговорите може да се прават со сите мобилни и таблет компјутери кои имаат Messenger.

Она што ги прави овие уреди специфични е вештачката интелигенција. Од компанијата истакнуваат дека камерата на уредот ги следи корисниците, па тие се во кадар и кога се движат и ќе се оддалечат малку од камерата.

Основата на уредите, кои се поставени во исправена положба, е звучник којшто овозможува поголем квалитет на разговорите, а од Facebook истакнуваат дека повторно со помош на вештачката интелигенција разговорите ќе имаат помалку шум и заднински звуци.

Двата уреди во основа се исти по намената, а се разликуваат во големината на екранот. Portal доаѓа со 10 инчен екран со резолуција од 1280 на 800 пиксели, додека Portal+ со 15 инчен екран и резолуција од 1920 на 1080 пиксели.

Portal+ може да биде свртен по желба на корисникот, односно може да се користи во портрет и пејзаж позиција, додека помалиот се користи само во пејзаж позицијата.

Цената на уредите кои очекувано ќе се продаваат во САД, изнесува 199, односно 349 долари, а од компанијата овозможуваат попуст од 100 долари доколку се купат двата уреди заедно.

Двата Portal уреди доаѓаат и со Alexa од Amazon паметен асистент, па може да се стават и во конкуренција со паметните звучници кои се доста актуелни изминатите години.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаGoogle ја гаси Google+ друштвената мрежа за обичните корисници
Следна статијаMicrosoft го претстсави Project xCloud – сервис за стриминг на видео игри од било кој уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.