Facebook

По случајот или можеби подобро уште да го викаме најголемиот скандал којшто ја има погодено оваа друштвена мрежа, со Cambridge Analytica, Facebook најави, па еве сега и почна да прави промени во пристапот и начинот на располагање со информациите на корисниците.

Промените ги објави техничкиот директор на компанијата Мајк Шрепфер, а истите се дури девет на број. Тие во главно вклучуваат намалување на пристапот до информации кои досега беше овозможен до апликациите и сервисите, па шансите да се случи повторно скандал се помали.

Промени се направени или планирани во следните девет области:

  1. Events API – апликациите веќе нема да имаат пристап до листата со „гости“ на настаните и нивните објави на страната од настанот. Пример за апликации кои бараат пристап до настаните се календарите.
  2. Groups API – информациите коишто ги добиваат апликациите веќе нема да може да ги содржат членовите на групите.
  3. Pages API – апликации кои ќе сакаат пристап до страните, односно нивните коментари и лајкови, ќе мора да бидат посебно одобрени од Facebook
  4. Facebook Login – Ова е платформата која се користи за најавување на сервиси и апликации со Facebook сметката на корисникот. Facebook ќе мора посебно да ги одобри апликациите и сервисите кои ќе бараат пристап до информациите од корисниците, а целосно ќе биде тргнат пристапот до информации од типот на религиозна и политичка определба, брачен статус и деталите, образование и работа, посебни листи со пријатели, фитнес активност, прочитани книги, музика, вести и слично. Исто така, апликациите кои не се користени повеќе од 3 месеци, автоматски ќе им биде тргнат пристапот до сите информации.
  5. Instagram Platform API – Ќе се намали пристапот на информации до корисниците на Instagram
  6. Search and Account Recovery – Веќе нема да може да се бараат корисници на Facebook со внесување на нивниот телефонски број или имејл адреса.
  7. Call and Text History – Корисниците на Messenger и Facebook Lite којшто ќе изберат Facebook да има пристап до нивните контакти ќе споделуваат помалку информации за истите, како на пример времето на повиците веќе нема да биде дел од листата.
  8. Data Providers and Partner Categories – Трети страни кои исто така работат со податоци за корисници, веќе нема да можат да ги комбинираат на Facebook
  9. App Controls – На горниот дел од листата со новости, почнувајќи од понеделник, ќе биде прикажан линк до апликациите кои корисниците ги користат, како и информациите кои се споделуваат со нив. Во овој дел на корисниците чии податоци биле собрани од Cambridge Analytica ќе им биде истакната оваа информација.

Од Facebook истакнаа дека бројот на корисници за коишто е дојдено до детални информации е поголем од што се мислеше, па бројката наместо досегашните 50 милиони всушност е 87 милиони. На следниот графикон се прикажани земјите од каде најмногу се собрани информациите, а на прво место како што знаевме е САД.

Facebook
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаGoogle ги блокира своите апликации и сервиси на несертифицирани Android уреди
Следна статијаFingerprint го носи македонскиот шарм….испечатен на маица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.