Shutterstock.com

Flash, едно време технологија која овозможи излез од монотоните и „досадни“ веб страни и овозможување на интерактивни страни со секакви анимации, како и игри, подоцна стана извор на безбедносни проблеми, како „капак“ на проблемите со ресурсите кои оваа технологија ги има.

Веќе со години читаме за тоа дека доаѓа крајот на оваа технологија, а тоа е скоро и така, со оглед на многу малиот процент на страни кои уште ја користат оваа технологија. Истата веќе со години е заменета со понапредната и безбедна HTML5, па повеќето веќе и не ни помислуваат на стариот Flash.

Повеќето веб прелистувачи веќе и ја блокираат содржината која е направена во Flash, а Google оваа недела најави дека ќе го донесе крајот на технологијата еден чекор поблиску. Тие веќе нема да ја индексираат Flash содржината која е дел од веб страните, што значи дека нема да се зима во предвид при прикажувањето на резултатите при пребарување на Google Search.

Оваа одлука не би требало скоро никого да го засега, а посебно што и тие веб страни кои уште функционираат со Flash, покрај тоа што се малку, не важат за познати и безбедни страни и без тоа.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.