Samsung

Скопје, 19. ноември 2019. година – Во пресрет на продолжението на легендарното филмско остварување, Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер, чија премиера е закажана за во декември оваа година, компанијата Samsung Electronics го претстави специјалното издание на Galaxy Note10+ моделот.

Преку соработката со продукциската куќа Lucasfilm и изданието кое содржи специјално дизајниран телефон, маска, значка за колекционери, S Pen и безжични слушалки, соединети се две галаксии. Покрај тоа, пакетот доаѓа со посебни теми, анимации, икони и мелодија кои ќе предизвикат еуфорија кај секој фан на познатата франшиза.

Од претставувањето во август оваа година, паметните телефони Note10+ ги направија милиони луѓе низ целата планета повеќе продуктивни и покреативни. Моделот кој е истовремено вистинско уметничко дело, комбинира импресивен дизајн и моќни перформанси со ефикасни алатки и врвна камера. Со претставувањето на специјалното издание, Samsung ќе ги инспирира фановите на легендарната франшиза да ги одбележат сите свои легендарни моменти. За повеќе детали за специјалното издание, погледнете на: https://www.samsung.com/global/galaxy/campaigns/star-wars-ix-collaboration/

Специјалното издание Galaxy Note10+ Star Wars™ ќе биде достапно на одредени пазари од 10. декември. Соработката на двете галаксии беше најавена во октомври, а продолжението следеше во вид на мини филм, во чиј фокус е дете кое сака да вдоми напуштено куче. Самото куче неодоливо потсетува на култниот Чубака и детето за време на траење на филмот, користејќи носечки уреди на Samsung, како Galaxy Note10, Note10+, Watch Active2 и Tab S6, се труди да го убеди семејството да го посвојат.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.