Реклама за Nike направена од страна на вештачка интелигенција личи на случајно „нафрлени“ зборови

Рекламата е неофицијална и е направена со тренирање на вештачката интелигенција со реклами од Nike во изминатите 7 години

Jean-Baptiste Le Divelec e креативец кој работи со пишување на слогани, текстови и слично за кампањи, меѓу другото. Следејќи ги сите области во кои вештачката интелигенција има придонесено во подобрување на работата, има решено да види што може да направи во неговата работа.

Вештачката интелигенција е тренирана со реклами од Nike, брендот за кој се имаат решено, од изминатите 7 години, по што е пуштено да се види каква реклама ќе направи.

Рекламата не е како што би очекувале, односно не е најдобрата реклама што ја имате видено, а но приближно до тоа. Зборовите се скоро неповрзани и целата реклама може да се каже и дека нема некоја смисла.

Сепак е интересно да се види, а може некој и ќе успее да извади добри слогани од неа. Видеото е на почетокот од статијата, па можете и самите да го видите резултатот.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Jean-Baptiste Le Divelec
Претходна статијаSamsung: Соединување на две познати галаксии
Следна статијаUber тестира снимање на превозот на патниците поради подобрување на безбедноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.