Shutterstock.com

Откако ја изгледавме Чернобил и видовме како нетранспарентнста на режимот во СССР предизвикал тешка трагедија, стравот од нуклеарки мислам е на највисоко можно ниво.

Еве да појачаме малку – пет помалку-познати инциденти поврзани со нуклеарни централи или нуклеарно оружје.

1 – Блек – Брент инцидентот помеѓу Норвешка и Русија

На 25-ти јануари 1995 норвешки научници ја лансирале ракетата Блек Брент со цел да го испитуваат природниот феномен аурора бореалис. Проблемот бил што ракетата летала близу руска воздушна граница и што изгледала многу како американските нуклерни ракети Тридент.

Иако норвежаните ги известиле претходно русите, изгледа информацијата не била соодветно пренесена секаде каде што треба. Русите мислеле дека се нападнати од Американците и светот бил 5 минути одалечен од нуклеарен хаос.

За среќа, тогашниот руски претседател Јелцин не верувал дека САД ќе нападне туку така и одлучил да не активира контра-напад.

2 – Лажниот аларм на СССР во 1986

Во утрото на 26ти септември 1986 година системите за анти-нуклеарен напад покажувале дека Сад лансира нуклеарки накај СССР. Станислав Петров бил одговорниот кој според протокол требало веднаш да ја пренесе информацијата до надлежните воени лица погоре во хиерархијата кои пак во вакви ситуации го возвраќаат нападот. Прашање било на секунди пред да не спржат сите.

Петров се сомневал дека е лажна тревога и не ја пренел информацијата. Неколку минути подоцна излегува дека човекот е во право. Системот на СССР имал glitch.

3 – Виндскејл пожарот во Британија

Пожарот во нуклеарниот реактор Виндскејл во Британија во октомври 1957 е првата поголема нуклеарна несреќа (INES level:5, Чернобил бил: 7).

Грешка во контролата на температурата предизвикала огромен пожар и огромна нуклеарна катастрофа. Радиоактивниот облак бил проширен низ цела Европа. Проценките се дека околу 200 луѓе починале од рак како последица од радијацијата.

4 – Киштим катастрофата

После Чернобил и Фукушима, катастрофата во Мајак, станицата за производство на плутониум во СССР (кој подоцна се користи за нуклеарни оружја) на 29-ти септември 1957 е најстрашната во историјата на нуклеарки (INES level: 6). 22 села биле директно афектирани и над 270.000 луѓе.

Станува збор за уште една катастрофа поради целосна негрижна на социјалистичкиот режим за било кое здравствено или еколошко прашање поврзано со нуклеарките. Нуклеарното вооружување било приоритет – луѓето биле заменливи. Дури една недела откако се случила несреќата биле евакуирани луѓето (нешто слично како во Чернобил) а дури после 18 години (!) излегле официјалните извештаи.

5 – Инцидентот на островот Три Милји

Во 04 сабајле (несреќиве се се случуваат во рани мугри?!) на 28март 1979 г. се слушнало огромна бучава и облак од нуклеарката. Комбинација на инжинерски фалинки и грешки во работењето, делумно се стопил еден од реакторите на Три Милји (INES level: 5). За разлика од несреќите во социјалистичките режими, во 06 сабајле веќе било прогласена вонредна состојба ИАКО и во овој случај операторите на нуклеарката криеле многу податоци од инспекторите.

За среќа, реакторот успеал да ја задржи радиокативноста (според некои проценки, 100 пати поголема од Чернобил) и немало никој повреден ниту поголемо зрачење во околината.

Претходна статијаНовите електрични автомобили во ЕУ ќе мораат да емитуваат вештачки звук на мотор
Следна статијаCortana ќе биде достапна како посебна апликација во Windows 10
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.