Ви носиме список на топ 5 филмови кои ќе нè вовлечат во онаа совршена летна атмосфера – тие се лесни, живописни, романтични, топли и весели. Уживајте во летното расположение со најдобрите филмови.

Слатка романса (Love is a Piece of Cake), 2020.

Џеси Дејл доаѓа од семејство на пекари, и ја сака својата слаткарница повеќе од сè на светот. Но градителите на станбените населби се закануваат дека ќе ја купат зградата во која се наоѓа нејзината слаткарница и ќе ја принудат да ја напушти зградата. Џеси прави сè за да ја спаси слаткарницата, а во исто време ѝ се случува романса со братот на нејзиниот клиент…

Актерска екипа: Линдзи Горт, Грејстон Холт, Џулија Бенсон

Летна љубов (Just for the Summer), 2020.

Наставничката по англиски Пенелопе Кемпбел сака своите годишни летни празници да ги поминува во посета на баба ѝ Дот, и покрај постојаните обиди на Дот да ја спои со секој маж во градот. Ова лето таму го среќава Џејсон Хамфри, љубовта од детството, кој сè уште е згоден и шармантен како и секогаш. Тие сфаќаат дека бабата на Џејсон, Софи, го прави истото што и Дот, обидувајќи се да му најде девојка. За да ги избегнат напорите на своите баби, склучуваат пакт преправајќи се дека се момче и девојка.

Актерска екипа:  Брент Доерти, Хејли Сејлс, Линда Дарлоу

Романтичен одмор (Love at Sunset Terrace), 2020.

Прекрасниот романтичен филм Романтичен одморсе врти околу Софи, која е исцрпена од маркетиншката работа. За да може малку да се одмори, Софи изнајмува преку Airbnb од татко вдовец и неговата ќерка. Меѓутоа, неговата ќерка сака татко ѝ уште еднаш да се вљуби, при што е насочена токму кон Софи…

Актерска екипа:  Елен Воглом, Карло Маркс, Ерика Тремблеј

Љубовни приказни од Сончогледовата долина (Love Stories in Sunflower Valley), 2021.

Љубовни приказни од Сончогледовата долинае топол и романтичен филм кој во средиштето на дејството има многу љубовни приказни. Ја следиме Кејт, која работи во весник во Сиетл, а нејзината нова задача ја води назад во родниот град Санфлауер Вели. Со неа доаѓа нејзиниот згоден колега, а заедно ќе откријат низа топли љубовни приказни за локалните жители.

Актерска екипа:  Маркус Роснер, Ерин Кејхил, Колин Вилер

Хроника на лоши љубовни состаноци (Bad Date Chronicles), 2017.

Интересниот летен филм Хроника на лоши љубовни состаноци се врти околу младата девојка Ли, која води блог. Имено, Ли ја води страницата „Хроники на лоши состаноци“, која на луѓето им овозможува анонимно објавување на лошите искуства при состаноците. Кога соперничкиот блогер Конер ќе стане тема на една од нејзините објави, тие се договараат да излегуваат еден со друг за да видат кој е „лош партнер“.

Актерска екипа:  Мерит Патерсон, Џастин Кели, Лени МекОли

Веќе од јуни влезете во летната атмосфера и уживајте во прекрасните филмови само на Pickbox NOW!

Претходна статијаTelegram ја претстави најавуваната Premium претплата за нивната апликација
Следна статијаНеофицијални тестови на новиот Apple M2 чип покажуваат поголеми подобрувања кај графичките перформанси

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.