На својата WWDC 2022 конференција, Apple ја претстави втората генерација од нивниот M чип, односно M2 чипот. Имаше доста шпекулации за што е тоа што може да се очекува од овој чип, па може да се каже дека тие беа во главно потврдени на настанот.

Во основа беше познато дека M2 нема да претставува драстична промена, па овој чип дури го користи истиот процес на производство кој се користеше кај другите чипови од компанијата. Главната разлика е во нешто поголемата фреквенција на работа на процесорот, поголемиот број на јадра кај графичкиот процесор, како и подобрувања кај потрошувачката на енергија.

За процесорот се очекуваше дека нема да донесе нешто поголемо, односно и од Apple истакнаа дека се работи за 18% во споредба со претходниот модел.

Неофицијалните резултати на Geekbench 5 од некој што веќе има пристап до MacBook Pro со М2, го покажуваат токму тоа. Подобрувањата на перформансите на едно јадро изнесува 11%, додека 18% е подобрувањето кога се користат сите јадра.

Тоа што посебно привлекува внимание се резултатите од тестот на графичкиот процесор. Од тоа што може да се види, подобрувањата одат и до 43%, што е доста голема разлика.

Оваа разлика може да биде уште поголема ако се направи споредба со основните модели кои ги продава Apple со 7 графичку јадра, наспроти останатите со 8, а оваа бројка кај М2 е 10 јадра.

Точните разлики во перформансите сепак ќе почнеме да ги гледаме од идниот месец кога ќе почнат да се продаваат новите уреди. Овој тест не покажува точно за каков уред се работи и кој модел, па не можеме да знаеме со кој од претходните уреди да го споредиме.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаPickbox NOW: Топ 5 филмови кои веднаш ќе нè вовлечат во летната атмосфера
Следна статијаInstagram тестира дополнително визуелно приближување на апликацијата кон TikTok
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments