2023 година сигурно беше година на „стримање“, а првиот стриминг-сервис во регионот, Pickbox NOW, донесе извонреден избор на серии кои ги воодушевија гледачите и ги освоија критичарите. Во десетте неверојатни наслови публиката зачекори во различни жанрови, доживеа напнатост, хумор и ги истражи емоционалните длабочини. Откријте зошто овие серии заедно собраа повеќе од 120 светски и европски номинации.

Ова се десетте најдобри серии во 2023 година на Pickbox NOW според рецензиите на публиката и според критичарите од најпознатите светски портали кои се согласуваат околу квалитетот и завидната продукција на овие наслови.

„Долина на среќата” (Happy Valley)

Со повеќе од 50 номинации и 27 освоени престижни награди, серијата остава силен впечаток на критичарите и на публиката, носејќи ја титулата на една од најдобрите серии во 2023 година. Во третата сезона на британскиот криминалистички трилер, истакнатата детективка Кетрин Кејвуд се соочува со нови предизвици кои ја ставаат на тест нејзината храброст и одлучност. Низ замрсената мрежа од злосторства, ја следиме нејзината борба за правда додека открива неочекувани тајни кои ќе ги потресат темелите на нејзиниот професионален и личен живот.

„Шетланд” (Shetland)

И покрај многуте номинации за наградата БАФТА и други европски награди, серијата и понатаму остана верна на своите корени, носејќи вистинска британска криминалистичка драма. Во осмата сезона на саканите ликови им се придружува новата главна детективка Рут Калдер во истрагата на комплексни злосторства на живописните Шетландски Острови. Нејзината остра интуиција и посветеност кон вистината даваат свежина, создавајќи неочекувани пресврти и емотивни моменти.

„Случајот на подморницата Виџил” (Vigil)

Освојувајќи меѓународни награди, како „Еми“ за најдобра драмска серија во 2022 година, серијата се враќа со втората сезона на напнатиот трилер сместен на нова локација. Инспекторката Ејми Силва се соочува со комплексен нов непријател кој напаѓа од небо, откривајќи нови тајни и соочувајќи се со предизвиците кои ѝ се закануваат на нејзината сопствена безбедност.

„Наопаку” (Upright)

„Патувачката серија на Тим Минчин е паметна, живописна и заразно добра.“ – Гардијан.

Оваа австралиска мрачна комедија ја следи неверојатната авантура на неспоивите партнери Лаки и Мег, кои ја освоија публиката со шармот и искреноста и со тоа заслужија висока оценка 8,4 на ИМДБ. Носејќи смеа, солзи, предизвици и длабоки емоции, приказната не го следи само патувањето кон родниот град на Лаки, туку и развојот на неочекуваното пријателство.

„Глава” (The Head)

Серијата којашто „Варајети“ ја прогласи за една од најдобрите меѓународни серии во 2022 година, ја освои публиката со двете сезони. Во првата сезона серијата е сместена во истражувачки камп на Антарктикот и нуди интензивен трилер кој ги открива тајните и мрачните злосторства кои се случиле таа зима. Во новото продолжение актерската постава од целиот свет додава напната атмосфера на нова локација, овој пат во топлите краишта на товарен брод.

„Излез” (Exit)

Заснована на вистински настани и на животите на норвешката елита, оваа драма носи нови предизвици за групата пријатели соочени со деловни и лични проблеми. Во динамичните односи и заплетите ликовите се среќаваат со различни животни промени, откривајќи ги своите внатрешни сили и слабости среде турбулентните околности. Односите на оваа група пријатели доживуваат крах во третата сезона, којашто премиерно оваа година стигна на Pickbox NOW.

„Еден од момците” (One of the Boys)

Сместена во мал град, оваа скандинавска драма го следи социјално неприлагодениот Лау кој мора да ја докаже својата машкост додека се бори со привлечноста кон друго момче. Емотивната приказна за пријателство и предизвиците на растењето во светот на младите, ја открива силата на заедништвото, љубовта и пријателството.

„Сакај ме” (Love Me)

Втората сезона на австралиската драма продолжува да ги истражува љубовните врски и комплексностите на современото општество, низ интригантни заплети и емотивни подеми и падови на едно семејство. Прикажувајќи една наизглед обична група луѓе, се поставуваат многу прашања за љубовта, лојалноста и сопствената среќа.

„Крајот на летото” (End of Summer)

Данската „ноар“ драма ја следи младата Вера која се соочува со неочекуван настан во текот на летните одмори во 1990-тите, кога нејзиниот помлад брат Били исчезнува. Години подоцна, случајот повторно се отвора со доаѓањето на непознато момче во нејзиниот живот.

Бившата жена” (Ex-Wife)

Во интригантната мини серија се истражува како идиличните семејни односи можат брзо да станат компликувани кога неочекувано ќе се појави несакана гостинка. Овој напнат трилер ја следи младата мајка Таша во нејзината борба да ја заштити својата мала ќерка од бившата сопруга на нејзиниот маж, која неуморно ги следи.

Сите серии ве очекуваат овде.

Претходна статијаApple Vision Pro станува достапен за корисниците од 2 февруари
Следна статијаSamsung ја претстави својата визија „Вештачка интелигенција за сите“ на CES 2024