Подводниот филмски фестивал „Неум 2021“ ќе се одржи во Неум, на 27 и 28 август 2021 година, под покровителство на Општина Неум. На првиот ден од подводниот филмски фестивал ќе има проекции на филмови кои се во официјална конкуренција, а на вториот ден ќе има едукативни и еколошки работилници за подводно снимање, како и избор на техники и безбедност, наречени „Подводен свет“.

Иво Микулиќ, автор и основач на подводниот филмски фестивал „Неум“, вели: „Имаме одлични реакции и голем број апликации од автори од целиот свет за натпреварувачкиот дел на фестивалот за подводни филмови „Неум“. Во моментов броиме над 250 регистрирани филмови. Нашата цел е да размениме искуства и нови практични знаења, како од авторите, така и од пошироката целна јавност. Нашата задача е преку подводниот филмски фестивал да го зајакнеме и да го поддржиме општеството во врска со еколошки активности и спречување на загадувањето на реките, морињата и крајбрежјата.“

Како што веќе знаеме, подводниот филмски фестивал „Неум“ ќе биде европски центар на подводни филмови, а според организаторите, филмовите доаѓаат од Босна и Херцеговина, Хрватска, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Индија, Иран и од многу други земји. Услов за пријавување на фестивалот е филмот да е сниман, најмалку 50% од времето под вода, море, езеро, базен, река и слично. Организаторите велат дека ѕвездите на овој фестивал се токму креаторите на овие филмови, заедно со публиката. Тие сакаат фестивалот да се одржи во живо, но доколку во меѓувреме се донесе одлука за забрана за собирање, во тој случај фестивалот ќе биде одржан онлајн.

Првиот подводен филмски фестивал ќе прогласи:

  • Најдобар филм на фестивалот
  • Најдобар БХ подводен филм
  • Најдобар еко-филм
  • Најдобра музика и
  • Најдобра камера

Доколку имате подводен филм, побарајте инструкции како да го пријавите вашиот филм на www.uff.ba или  www.filmfreeway.com

Подводниот филмски фестивал „Неум“ е специфичен според темата и формата, бидејќи е отворен за сите категории на население, како и за сите категории на автори (од аматери до професионалци). Филмовите за подводниот свет ги привлекуваат и ги афирмираат авторите и ги охрабруваат владите, политичарите, креаторите на јавното мислење и екологистите, да делуваат со посилен и поинтензивен ангажман за да придонесат за зачувување на подводниот свет и на морската флора и фауна. Дојдете на фестивалот во Неум и уживајте во нуркањето.

Повеќе инфо на www.uff.ba

Претходна статијаНа 5G аукцијата во Шпанија собрани 1.1 милијарди евра
Следна статијаДржавниот завод за индустриска сопственост потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет