Државниот завод за индустриска сопственост потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје. Во рамки на овој договор ДЗИС и Машинскиот факултет ќе организираат обуки, конференции, работилници со што ќе разменуваат искуства и податоци.

„Соработката меѓу Државниот завод за индустриска сопственост и Машинскиот факултет овозможува практична настава за студентите во институцијата. Тоа значи дека студентите може да го усовршат своето знаење од стручни кадри со долгогодишно искуство и да напредуваат на полето на индустриските права и правата од интелектуална сопственост“, изјави Горан и Герасимовски, директор на Државниот завод за индустриска сопственост.

Меморандумот исто така предвидува и соработка на проекти и организирање курсеви со цел да се унапреди полето на техниката, образованието и науката.

„Овој Меморандум на соработка е многу значаен за студентите на Машинскиот факултет бидејќи овозможува размена на искуства но и зајакнување на контактите и дијалог меѓу институцијата и Факултетот. Експертската помош при давање и реализација на проектите ќе помогне во усовршување на знаењата и нивната примена во пракса„ изјави Дарко Данев, директор на Машински факултет.

Меморандумите за соработка меѓу Државниот завод за индустриска сопственост и факултетите овозможуваат реализација на низа активности преку кои запознава студентите учат за индустриската сопственост, нејзините права и значење и истовремено ја унапредува високообразовната научно истражувачка дејност.

Претходна статијаНеум ‒ Интернационален подводен филмски фестивал 2021
Следна статијаСтуденти од цела држава на платена пракса во ТИРЗ