Како интернетот влијае врз нашето внимание, зошто треба да го прескокнеш хамбургерот денеска и зошто е глупава идеја да се натпреваруваш со Кал Дрого.

Блогови кои вреди да се прочитаат

Clueyness: A Weird Kind of Sad. Тим Урбан пишува фантастични блогови од кои може да се научат многу работи. Тој пишуваше за Елон Маск и Tesla/SpaceX, а пишува и за многу други теми на интересен начин. Во овој блог ја опишува тагата која тој ја чувствува кога ќе забележи некоја личност (или куче) што поминува низ некаков тажен момент. Кога ќе прочитате ќе знаете за што зборувам. Повеќето од нас сме го искусиле тоа чувство на емпатија кога ќе видиме дека некој е во неволја или едноставно е депресивен во моментот.

This is Your Brain on Skim Reading. Се помалку читаме долги написи, за книги да не зборувам. Нашето внимание е распрскано по кратки јутјуб видеа и скролање по социјалните мрежи. Тоа е разорно за нашите фокус и концентрација. Авторот на овој напис ги образложува причините за ова и начинот на кој можеме да се бориме против феноменот кој долгорочно може да го претвори нашиот мозок во каша.

The Surprising Power of the Long Game. Зошто да вежбаш кога можеш да јадеш сендвич од седмица и да пиеш пиво (или четири) со другарите? Зошто да штедиш секој месец кога можеш истите пари да ги потрошиш во кафана? Тоа се прашањата што ги поставува авторот на написот. Она што можеме да го жртвуваме денес, ни носи подобро утре. Третирање на секој свој ден како шанса за подобрување акумулирано носи кон огромна промена down the road.

Видео што ме насмеа (по стоти пат)

An Office Prank Goes Way Too Far. Key and Peele се едни од најомилените мои фаци во комедијата. Иако почнаа да прават многу посериозни филмови (Џордан Пил беше зафатен со мега-хитот Get Out, Us и римејкот на Зона на Самракот) скечевите за Комеди Централ беа злато. Ова е еден од нив. Земаат некој ултра прост концепт, го сместуваат во модерно опкружување (во овој случај корпоративна средина) и го доведуваат до абсурдност. Предобро.

Видео кое ме натера да имам нов appreciation за Дејвид Бениоф

HBO Backstories: Game of Thrones. Со враќањето на серијата, цел интернет збудале со различни вести, мемиња и теории за тоа како ќе заврши (има и наградна игра, ако мислиш дека твојата теорија е точна, пријави се овде). ХБО објавија анимирано видео во кое едниот од креаторите на серијата, Дејвид Бениоф, објаснува како изгубил од Џејсон Момоа (го глуми Кал Дрого во серијата) во „шамарање по раце“. Интересна приказна.

Претходна статијаСтарт менито е издвоено како посебен процес во најновата верзија од Windows 10
Следна статијаInstagram размислува за криење на бројот на лајкови кај објавите