Мала ситница, но сигурно ќе се покаже како навистина корисна, доаѓа заедно со најновата верзија од Windows 10, поточно May 2019 Update.

Старт менито се издвојува од Explorer Shell и функционира како посебен процес кој може да се види во Task Manager. Ова значи дека кога и да има проблем, се закочи, Explorer апликацијата, Старт менито ќе продолжи да биде функционално, за разлика од досега.

Не ретко се случува да некоја апликација или некоја веб страна, доведе до закочување на Explorer Shell, процесот зад кого функционираат task лентата, како и корисничкиот интерфејс на оперативниот систем.

Старт менито, без разлика дали активно ги користите плочките или не, е основата преку која се користи целиот оперативен систем, па е корисно да овој дел од системот остане функционален при одредени проблеми.

Инаку за потсетување, Windows 10 May 2019 Update иако ќе стане официјално достапна од мај, сепак можете да ја инсталирате доколку сакате приклучувајќи се на Release Preview делот од Windows Insider програмата.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаДостапен Ubuntu 19.04 „Disco Dingo“ со подобрувања во десктоп околината и Linux Kernel 5.0
Следна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#6)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.