Во август, Pickbox NOW претставува разновидни наслови кои ветуваат забавна комбинација на лесни летни авантури и напнати драми. Гледачите ќе имаат можност да го истражат широкиот спектар на содржини, вклучувајќи кулинарски приказни, емотивни заплети и криминалистички серии инспирирани од вистински настани.
Американска принцеза (American Princess) – 5.8.
Приказната ја следи младата Аманда, припадничка на општествената елита од Њујорк, која открива неверство на сопствениот свршеник неколку часа пред свадбата, што ја поттикнува на бегство. Без телефон и можност за враќање дома, Аманда ќе се најде среде ренесансен саем, соочувајќи се со таблоидните наслови и нервен слом. Нејзината непланирана авантура ја води до нов живот како најнова членка на саемот.
Летната кујна на Спенсер Вотс (Fun’Q) – 23.8.
Познатиот готвач и автор Спенсер Вотс го слави летото се семејството, пријателите и најдобрата храна што ја нуди сезоната. Во оваа весела серија, гледачите можат да уживаат во вкусните јадења, живописните собири под сонцето и инспиративните кулинарски моменти кои се совршени за љубителите на готвењето и летото. Спенсер посетува живописни пазари, експериментира со свежи состојки и ја дели својата страст кон храната на нов начин.
Додека смртта не нè раздели (Until Death Do Us Part) – 28.8.
Познатиот адвокат Хенрик Олсон Лилја е застрелан пред својот стан во Стокхолм. Благодарејќи ѝ на брзата реакција и храброста, го преживеал смртоносниот напад. Но, приказната што следува ја открива неверојатната вистина – сомнежот паѓа на неговата поранешна сопруга, бившата судијка на Апелациониот суд, која ангажирала повеќе убијци за да ја довршат работата. Оваа напната приказна ги истражува мрачните тајни и опасните завери.
Со овие серии, Pickbox NOW носи и 13 нови филмa, вклучувајќи ги: Амишки фраер: Приказната за Илај Вивер(Amish Stud: The Eli Weaver Story), филмовите Ann Rule, Пет години разлика (5 Years Apart) и многу други. Секој филм носи единствени приказни, драматични моменти и незаборавни ликови.