Новата серија на Pickbox NOW, Скриено (Hidden) ќе ги воодушеви сите љубители на криминалистичкиот жанр. Со висока оценка од 7,3 на iMDB, оваа велшка серија е добитничка на наградата BAFTA Cymru (велшкиот разгранок на BAFTA) за најдобра фотографија. И двете сезони од оваа феноменална серија на Pickbox NOW пристигнуваат на 9 јули. 

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Детективката Сејди (Сијан Рис-Вилијамс) се враќа во Велс за да се грижи за својот болен татко. Откако локалната полиција од езерото ќе го извлече телото на една млада жена, Сејди се вклучува во макотрпната истрага. Тоа по што се истакнува Hidden е многу директниот приказ на злото. Освен што главната улога ѝ припаѓа на една жена која е детективка без вообичаените неврози и психички проблеми со кои често ги прикажуваат детективите во новите серии, злото е прикажано со човечки лик. Оваа серија е длабока и мрачна, а тмурниот приказ на Велс одлично придонесува за таквата атмосфера. Нетипична и возбудлива, оваа велшка криминалистичка серија сигурно ќе ве шокира и изненади.

ПОВЕЌЕ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКА СЕРИЈА

The Guardian ја спореди серијата Hidden со шведската скандинавска ноар драма Мостот (The Bridge),опишувајќи ја како една од моментално највпечатливите велшки серии, која се одликува со одличен стил. Со прекрасни пејзажи, необични ентериери и со вешто изработена музика што го нагласува чувството на морничавост, „Hidden“ е вистински визуелен криминалистички деликатес. „The Sun“ ја нарече „прекрасна мрачна серија“, а Radio Times ја опиша како „неверојатна“.

Сепак, оваа велшка серија не е само криминалистичка серија. Имено, главната актерка СијанРис-Вилијамс ја коментираше „Hidden“велејќи дека тоа е повеќе од „лична драма“, а повеќе криминалистичка серија, затоа што вклучува многу човечки приказни, вклучувајќи ги и оние на жртвите и семејствата на жртвите, како и на лицата што го извршиле злосторството.

Возбудлива и мрачна, со одлична актерска поставка во која особено се истакнуваат талентите Сијан Рис-Вилијамс, Гвинет Киворт и Родри Мајлир, серијата е навистина посебна и ќе ги воодушеви сите што сакаат криминалистички серии.

Велшката криминалистичка серија „Скриено“ (Hidden) гледајте ја на Pickbox NOW од 9 јули.

Претходна статијаSamsung влегува во Европа со договорот за 5G мрежата на Vodafone
Следна статијаWindows 11 ќе добива по една надградба годишно и подолг период на поддршка