Британската драмска серија Длабока вода (Deep Water) со фантастичната актерка Ана Фриел во главната улога, на Pickbox NOW пристигнува на 8 март.

Оваа драмска серија се одвива во еден живописен мал град во кој се одвиваат сложените ривалства меѓу три жени, а се прикажани и финансиските неволи на жителите.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Серијата во шест дела ги следи животите на три комплексни и енергични жени кои, секоја на свој начин, се борат за опстанок. Како и сите ние, тие сакаат да го направат тоа што е најдобро за нивните семејства. Сепак, ќе мора да донесат некои тешки одлуки кои често имаат неочекувани последици.

Овие три жени се поврзани со нешто многу банално, но и секојдневно – училишната врата. Имено, сите три имаат деца приближно на иста возраст, па носејќи ги децата на училиште, секој ден се среќаваат пред училишната врата.

ТРИ ЖЕНИ

Во главната улога ја гледаме со Еми наградуваната актерка Ана Фриел (Марсела Батерфлај). Фриел ја игра Лиза Калисто која се обидува да донесе рамнотежа во своето лудо семејство и да води една фирма, што ѝ одзема многу време. Таа е хаотична и неорганизирана, а мажена е за Џо, кој деноноќно работи како таксист.

Роз, која ја игра одличната актерка Шинед Кинан (Little Boy Blue), е психотерапевтка која порано имала своја приватна практика. Но таа западнала во долгови поради својата сродна душа Винстон, кој финансиски го упропастил нејзиното семејство. Ако ги отплати тие долгови, ќе го врати својот живот на вистинскиот пат, но одеднаш добива понуда што може целосно да го промени нејзиниот живот.

Кејт е третата членка на ова женско трио и ја игра надежната ѕвезда Розалинд Елеазар (Хауардс Енд, Релик). Изгледа дека Кејт има сѐ, таа е згодна, има пари, а нејзиниот семеен живот изгледа прекрасен. Таа има две деца и е среќно омажена.

Три сосема различни жени се наоѓаат на своите неверојатни и понекогаш шокантни животни патувања, а нивните животи се среќаваат пред училишната врата. Што сѐ се подготвени да направат за своите семејства да ги задржат на едно место?

Духовитата, секси, искрена и честопати дива драмска серија Длабока вода (Deep Water) е незаобиколна станица за љубителите на добрите серии, од 8 март на Pickbox NOW!

Претходна статија„Виџетите“ во Windows 10 се враќаат преку Microsoft Edge
Следна статијаHuawei го објави решението за мрежи со нулта емисија на јаглерод, помагајќи им на операторите да постигнат јаглеродна неутралност