За да не биде празен периодот по празничното лудило, Pickbox NOW подготви список новитети за забавен почеток на новата година. Јануари подготвува уште повеќе омилени серии, скандинавски премиери и неочекувани европски бисери, а за студените зимски денови Pickbox NOW носи и романтични комедии кои ќе ги загреат срцата на сите гледачи. Ги истакнуваме сериите На должност (Line of Duty), Случајот на подморницата Виџил (Vigil) и Шетланд (Shetland) кои ги освоија срцата на гледачите. Проучете го водичот на Pickbox NOW за непрекинато гледање.

Наслови за љубителите на британски криминалистички серии

Познатата полициска серија На должност (Line of Duty), која ја следи специјалната полициска единица за борба против корупција, повторно е на Pickbox NOW од 1 јануари. Интересно е дека полицијата одби соработка со продуцентите на серијата. Затоа продукцискиот тим го советуваа пензионирани полицајци и анонимни работници, а се користеа и со анонимни полициски блогови.

Авторот на многу бестселери како серијата Круна (The Crown), Том Еџ, ја претставува новата сезона на интригантната серија Случајот на подморницата Виџил која веќе е достапна на Pickbox NOW. По решавањето на случаите под море, инспекторката Ејми Силва и истражителката Кирстен Лонгакре се соочуваат со нов непријател, овој пат во воздухот.

На првиот домашен стриминг-сервис достапна е и осмата сезона на серијата Шетланд, за којашто реномираниот Чикаго Трибјун е преполн со пофалби: Сега во својата осма сезона, Шетланд е докажан победник. Освен класичниот британски квалитет, серијата ја претставува новата главна детективка Ешли Јенсен и свеж женски поглед.

Мини серии за викенд

Мини серијата Јавен суд (Showtrial), која ќе биде достапна од 5 јануари, фрла светлина на случаите на убиства од висок профил од перспектива на полицијата, јавноста и судовите. Напнатоста и динамичноста на оваа серија на гледачите ќе им пружи увид во различните аспекти на правосудниот систем додека се одвива истрагата.

На 19 јануари на Pickbox NOW доаѓа драмата Лекарска грешка (Malpractice), приказна за ценетата лекарка Лусинда Еванс која се соочува со истрага по загубата на пациентка поради предозирање. Комплексната истрага го открива нејзиното вистинско лице, истражувајќи ги длабоките слоеви на животот во болницата.

Неочекувани бисери на европската продукција

На Pickbox NOW доаѓаат нови скандинавски трилери кои дури и најхрабрите ќе ги држат на работ на седиштата.

Од 8 јануари ќе биде достапен трилерот Не сум ангел (No Angel)кој како и секоја добра тинејџерска драма има модно освестена средношколка со мрачна тајна која испливала на виделина. Се поставува прашањето: Може ли некој навистина да се промени?

Незаобиколната полска серија Жени убијци (Murderesses) доаѓа на 12 јануари и ја следи младата и амбициозна полицајка додека трага по исчезнатиот татко, но нејзината истрага доаѓа во опасност кога таа започнува неочекувана врска.

Крајот на месецот ги открива мрачните тајни на обвинителката Џејн Берзелиус по убиството на шведскиот службеник за миграција во драмата Јана: Доживотно обележана (Jana – Marked For Life) која доаѓа на 22 јануари на Pickbox NOW.

Јануари на Pickbox NOW носи многу нови наслови, а со новата Smart TV апликација можете да продолжите таму каде што сте застанале без размислување. Редизајнираната апликација исто така го олеснува наоѓањето на нови серии со трејлери кои се веднаш достапни.

Претходна статијаAmazon ќе почне да прикажува реклами за корисниците на Prime Video
Следна статијаApple успеа да добие одложување на забраната за продажба на нивните паметни часовници во САД