Фото: Shutterstock.com

Amazon почнувајќи од 29 јануари идната година ќе почне да прикажува реклами на нивниот Prime Video сервис, без разлика кој пакет се користи. Оваа новина засега не е во повеќето земји од светот, па може да се очекува во Македонија подоцна, но не е познато кога. Во повеќе земји проширување се очекува во 2024, но нашата земја не е ни на таа листа, засега.

Од компанија ги информираа корисниците преку имејл преку кој ја правдаат одлуката со потребата да се продолжи со овозможување на оригинална содржина. Планот е да се прикажуваат помалку реклами од тие кои се прикажуваат на телевизиските канали, но нив сепак ќе ги има.

Корисниците ќе имаат можност да не гледаат воопшто реклами, како што е случајот сега, но тоа ќе ги чини 2,99 долари дополнително на месечната претплата. За активните корисници на сервисот, ова може да е прифатливо, но ќе зависи од бројот и должината на рекламите кои ќе се прикажуваат.

Amazon се последните кои ја менуваат својата политика, а повеќето од конкурентите веќе ги зголемија цените и воведоа реклами на дел од нивните пакети.

Конкуренцијата е доста голема на овој пазар, но сепак тоа не ги заштити корисниците од покачувањето на цените, а за жал квалитетот на содржината е дискутабилен, посебно со влијанието на „woke“ врз филмската индустрија. Доста корисници се одлучуваат да ги откажат своите стриминг претплати.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаSamsung Electronics ќе покаже на CES 2024 како подобрената вештачка интелигенција и поврзаноста овозможуваат обемни искуства во кујната
Следна статија10 новитети на Pickbox NOW за возбудлив почеток на новата година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.