Најавено на Build 2016, а официјално достапно за корисниците на Windows Insider програмата од Windows 10 Insider Preview Build 14316 верзијата, корисниците на овој оперативен систем можат да ја користат познатата Linux командна линија Bash. Ова е одлична вест за програмерите на Windows кои како повеќето Bash или сличните програми ги сметаат за многу подобри и функциониални од алтернативите на Windows.
Како се активира Bash во Windows 10.
Командната линија на Linux не доаѓа директно инсталирана на самиот Windows и ќе треба сами да ја инсталирате. За таа цел одете во Control Panel и одберете Programs and Features.
Во новиот прозорец кликнете на Turn Windows features on or off, по што ќе ви се отвори нов прозорец. Одете најдолу и обележете го полето каде што пишува Windows Subsystem for Linux (Beta), па потоа OK.
Вториот чекор што треба да го направите е да кликнете на Windows копчето, па потоа Settings и одете во последната категорија Update & Security. Од отворениот нов прозорец одете најдолу во делот For Developers и на десната страна одберете Developer Mode.
Исклучете ги сите претходно отворени прозорци и отворете ја командната околина на Windows (cmd). Ќе ви се отвори стандарната командна околина под Windows, па напишете ги магичните зборови bash.
Windows ќе ве запраша дали е ова првпат како го стартувате bash, кликнете Y и ентер. Ќе почекате 3-5 минути за се да биде екстрактирано и модифицирано од страна на системските датотеки. Готово веќе ја имате командната линија на линукс, внесете некоја команда како ls (излистување на податоци) , pwd (да видите каде се наоѓате тековно).
Можеби е рано сеуште, но сепак од тоа што Microsoft го направи за еден краток временски период од 8 месеци, прво е за голема пофалба, а второ се гледа дека полека Windows 10 станува се постабилен и се подобар оперативен систем.