start-screen-apps

Причината за неуспехот на Windows 8 оперативниот систем, меѓу другото, во главно е поради модерниот Start екран за кој може да се каже дека создаде големo незадоволство кај повеќето корисници. Со последната надградба позната под името Windows 8.1, овој проблем може да се реши со едно мало прилагодување кое што ќе значи подобрување на некој начин, со што екранот ќе добие подобар преглед и попродуктивно работење на него, а можеби со тоа ќе го надомести до некаде недостатокот на Start менито за одредени корисници.

За да го реализирате сето ова, следете ги следниве чекори:

  1. Притиснете го Windows копчето на тастатурата за да пристапите до Start екранот
  2. Повлечете ја стрелката со маусот во долниот десен ќош за да се појави Charms менито, па кликнете на Settings, па потоа на Tiles и вклучете ја опцијата “Show more apps in Apps view“

charms-bar-tiles

  1. После вклучувањето на опцијата, притиснете го Windows копчето на тастатурата за да пристапите до Desktop околината, потоа насочете ја стрелката од маусот на Taskbar-от и кликнете со десен клик на Properties

taskbar-properties

  1. Добивте мало прозорче кое е богато со опции, кликнете на Navigation табот, селектирајте ја опцијата “Show the Apps view automatically when I go to Start“ и кликнете на OK.
  2. За крај, повторно притиснете на Windows копчето од тастатурата за да пристапите кон вашето ново подобрено „Start мени“

 taskbar-properties-1

Овој трик на некој начин ќе го врати Start менито иако не во истата форма како во Windows 7. Вака можете тоа да го направите без потреба од инсталирање на некаков софтвер за да се врати тој стар изглед, а она што е најбитно е дека значително ќе го подобри пристапот и пребарувањето на апликациите.

 

Претходна статијаЕрик Шмит – „Интернетот ќе исчезне“
Следна статијаMEGA апликацијатa достапна и за Windows Phone