MIUI е популарен Android ROM, односно изменет оперативен систем направен врз основа на Android системот. Тој е познат по својот модерен дизајн кој што потсетува на iOS. MIUI постои веќе неколку години и е сосема бесплатен, но поради некомпатибилности со хардверот на Android таблетите, потребно беше да се почека додека да стане достапен за Nexus 7 2013. За среќа, последната верзија на MIUI денес е достапна и процедурата на нејзината инсталација е многу едноставна. За успешно да го „флеширате“ вашиот Nexus 7 2013 таблет и притоа да го инсталирате MIUI ќе ви бидат потребни неколку основни алатки:
- Компјутер со Windows оперативен систем
- Nexus 7 2013 Wi-Fi – интернационална верзија
- Најновата MIUI инсталација
- Алатка за флеширање на ROM
- Алатка за отклучување на Boot Loader
Пред да започнете, битно е да се напомене дека флеширање на вашиот таблет, како и отклучување на boot loader-от ја нарушува неговата гаранција и ги брише сите податоци. Затоа направете бекап на сите важни податоци пред да ги следите чекорите.
Дел 1: Отклучување на Boot Loader
- Поврзете го таблетот со вашиот компјутер преку USB кабел.
- Исклучете го таблетот.
- Држејки го копчето за зголемување на звук (Volume +), притиснете го копчето за вклучување.
- Ако на екранот ви се појави пораката „LOCK STATE – UNLOCKED“, вашиот таблет е веќе „отклучен“. Продолжете со Дел 2. Ако на екранот ви се појави пораката „LOCK STATE – LOCKED“, извршете ги останатите точки од првиот чекор.
- Отворете го фајлот „unlock.bat“ од алатките за флеширање кои претходно ги симнавте.
- Кога ќе се појави Unlock Boot Loader страната на екранот на вашиот таблет, изберете „Yes“ и притиснете го Power копчето за да потврдите.
Дел 2: Инсталацијата
- Вклучете го таблетот
- Додека таблетот е сеуште врзан со компјутерот, вклучете ја алатката за флеширање на ROM, што ја симнавте претходно
- Почекајте да заврши. Може да потрае неколку минути.
- Ако случајно не функционираат контролите на уредот, треба да го исклучите вашиот таблет држејки го копчето за исклучување цели 15 секунди.
- Следниот пат кога ќе го вклучите таблетот, на вашиот екран ќе ве пречека MIUI.