outlook-2013-calendar

Outlook е познат десктоп email клиент од Microsoft кој што доаѓа заедно со Office пакетот. Во главно се користи од страна на деловните корисници, додека обичниот корисник најчесто користи некој од webmail сервисите, како Gmail или Outlook.com и слично. Една од функциите која што доаѓа со Outlook е календарот кој што доаѓа со повеќе функции кои им овозможуваат на корисниците менаџирање на нивните состаноци и слични активности.

Меѓутоа она што можеби доста од корисниците не знаат е дека на календарот многу едноставно можат да наместат да им бидат автоматски прикажани државните празници од нивната земја, а во овој случај се разбира мислиме на Македонија. За да ги додадете државните празници во календарот следете ги следните едноставни чекори:

  • Отворете ги прилагодувањата за календарот преку следните менија File > Options > Calendar.
  • Во делот со наслов Calendar options притиснете на копчето Add Holidays.

ZA102842252

  • Ќе ви се отвори нов прозорец со листа на сите земји за кои што е достапна листа на државните празници. Пронајдете ја нашата држава и чекирајте го нејзиното име. Можете да додадете повеќе земји, па доколку соработувате со клиенти кои што се во други земји, можете и нив да ги додадете, па секогаш да сте во тек со нивните празници.

Screenshot 2014-06-20 19.43.45

Доколку сакате да избришете некој од празниците, тогаш следете ги следните чекори:

  • Додека сте во календарот притиснете на View во горната лента, па на Change View > List
  • Изберете ги празниците од листата кои што сакате да ги избришете, па притиснете на Home на горната лента, па на Delete.
Претходна статијаAndroid 4.4.4 достапен за Nexus уредите, вклучува сигурносни исправки
Следна статијаMicrosoft ќе претстави нова генерација од Nokia X телефоните идната недела ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.