Android-KitKat

Надградбата на Android 4.4.3 стана достапна пред само неколку недели, а оваа недела веќе е достапна нова 4.4.4 верзија од овој оперативен систем. Според броевите на верзиите може да се види дека се работи за помали надградби кои што во главно се сконцентрирани на подобрување на перформансите, исправка на одредени багови, а поголеми нови функции се очекуваат во наредната поголема верзија од оперативниот систем, односно 5.0 која што уште не е познато кога ќе биде претставена.

Android 4.4.4 е помала надградба од претходната и се однесува во главно на исправање на одредени сигурносни пропусти кои што беа откриени во изминатиот период. Поточно, главната сигурносна исправка се однесува на пропустите кои што се откриени во OpenSSL, поточно со Heartbleed пропустот.

Android 4.4.4 надградбата за Nexus уредите се нарекува KTU84M и треба постепено да биде достапна преку системот за надградба, односно Over-the-air (OTA). За корисниците кои што ги изменуваат своите уреди, достапни се factory images преку следниот линк. Новата верзија е достапна за Nexus 4, 5, 7 и 10, а не е познато кога ќе биде достапна за другите уреди, а посебно тие од Samsung и другите поголеми производители.

Извор: Ubergizmo, Ars Technica

Претходна статијаCozy Room: Кабина за ситуациите кога едноставно сакате да бидете сами
Следна статијаКако да додадете празници во календарот на Outlook 2013
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.