Shutterstock.com

Наредните телефони од Samsung кои ги чекаме и ќе привлечат поголемо внимание се секако Galaxy S11 телефоните, за кои повторно се очекува да бидат три. Според досегашните информации, сите три модели идната година ќе дојдат со истиот екран, односно најмалиот модел нема да има рамен екран.

Уште една информација која ја открија Lets Go Digital, може да се искористи за претпоставки што ќе донесат S11-ките ината година.

Поточно, Samsung Display имаат поднесено патент апликации во Кореа и САД за нов екран кој го нарекуваат SAMOLED. За жал во апликациите нема повеќе информации, па сега за сега можеме само да претпоставуваме.

Интересни претпоставки има авторот од Forbes, кој верува дека S11 телефоните ќе имаат екран кој ќе има поголема стапка на освежување на сликата, односно 120 Hz, ако не повеќе популарната оваа година од 90 Hz.

Покрај тоа, од Forbes претпоставуваат дека трите телефони ќе имаат екран кој покрај тоа што е заоблен од страните, овој пат може да биде заоблен и на горната и долната страна, со што целосно ќе се тргнат рамките.

На ова ако уште има шанса да се додаде и камера под екранот, со што ќе нема дупка или исечок, S11 ќе се покажат како навистина привлечни телефони.

Покрај можноста да S11 го имаат овој екран, не се исклучува можноста да и други производители го користат, како што е случајот и со моменталните верзии од екраните на Samsung Display.  

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаMotorola го претстави новиот RAZR со екран кој се превиткува
Следна статијаWindows 10 November 2019 Update официјално достапна за корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.