Познатиот и обично во право Еван Блас излезе со информации за наредните телефони од Samsung од највисоката класа, Galaxy S11.

Како што и се очекува од досегашните настани, Samsung идната година ќе го одржи тој за претставување на S11 телефоните при крајот на февруари, односно повторно во рамките на MWC саемот за технологија. Тоа значи дека продажбата на телефоните ќе почне стандардно во март, како што и најчесто беше случајот во изминатите години.

Оваа информација и не е толку посебна, со оглед дека скоро секоја година Samsung ги одржуваше своите настани во овој период. Информацијата од Блас која привлекува повеќе внимание е дека од компанијата се имаат одлучено да ги зголемат екраните на повторно трите модели кои треба да бидат претставени.

Па така, најмалиот S11 наместо 5,8 инчен екран, би имал 6,2 или 6,4, што е прилично голема разлика и оди во правец на тоа дека корисниците сепак ги сакаат поголеми телефони.

Двата поголеми модели, според Блас, треба да дојдат со 6,7 и 6,9 инчни екрани, што исто така е зголемување од ланските 6,1 и 6,4 инчни екрани кај S10 телефоните.

Тоа што е исто така важно, може и поважно, е дека најмалиот модел нема повторно да дојде со целосно различен екран и дизајн, односно нема да дојде со рамен екран. Овој модел сега ќе го има Infinity екранот како кај поголемите модели, односно ќе биде исто така заоблен на страните.

Тоа што Блас уште го нема како информација е дали Samsung ќе продолжи да ја става предната камера во мала дупка во горниот дел од екранот, како што е случајот со S10 и Note10 серијата.

Ние се надеваме дека камерата ќе биде поставена под екранот и дека екранот ќе нема дупки или исечоци.

Покрај ова, Блас најави дека најголемиот модел ќе дојде само во 5G варијанти, додека другите два модели ќе може да се купат во 5G или во LTE варијанта.

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаInstagram ќе почне да го крие бројот на лајкови на објавите кај дел од корисниците во САД
Следна статијаApple наводно ќе влезе на пазарот за проширена реалност со свои уреди дури од 2022 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.