Shutterstock.com

Uber, сервисот за превезување на патници кој предизвика негативни реакции, исто толку колку што го револуционизира превозот, планира да воведе функција која треба да ја зголеми безбедноста на патниците и возачите. Оваа функција во исто време сигурно ќе ги предизвика коментарите за приватноста, нешто што во денешно време е скоро секојдневна тема.

Корисниците на апликацијата, односно патниците и возачите, ќе можат да вклучат снимање на превозот. Вклучувањето ќе може да се направи за едно возење или за сите во иднина. Апликацијата ќе го користи микрофонот на уредот и ќе снима за времетраењето на превозот.

Оваа снимка нема да може да се преслуша од страна на корисниците, а тие само ќе можат да ја пратат до Uber доколку сакаат да пријават некаков случај за време на возењето.

Трансферот на снимките ќе биде шифриран, што значи дека не би требало да е можно некој да го пресретне и злоупотреби.

Uber моментално ја тестира оваа функција во Бразил и Мексико, по што се планира пуштање во САД.

Главната причина за ова се честите пријави на напад, па дури и силување од страна на возачите, а тука секако се и одредени ситуации кога возачите се нападнати. Со снимањето на превозот треба да се зголеми безбедноста, но и можноста за точното докажување на што е тоа што се има случено.

Сепак, сигурни сме дека голем дел од патниците ќе снимаат и пријавуваат случаи и кога реално нема нешто, па ќе видиме како Uber ќе се справат со сите добиени пријави.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Washington Post
Претходна статијаРеклама за Nike направена од страна на вештачка интелигенција личи на случајно „нафрлени“ зборови
Следна статијаПродавница со нов концепт во Телеком управната зграда
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.