Во 1996 година авторот Chuck Palahniuk објавува расказ за средовечен човек кој го меле монотонијата на секојдневието и „grown-up problems” и како пробува да се справи. Некаде по пат го „среќава“ анархистичното алтер его, Tyler Durden. Tyler го запознава со неговиот изум, со неговото „решение“ – еден вид на after-work „клубови“ за релаксација и враќање на корените on being a man. Kind of.

Chuck Palahniuk го препраќа расказот до Gerald Howard од мала независна издавачка куќа W.W. Norton. Gerald Howard го обожава расказот и го советува Chuck да го преработи во книга.

Останатото е историја. Три години подоцна, во 1999, Laura Ziskin, моќен продуцент од Fox, ја претвара книгата во филм, режиран од David Fincher во кој главните улоги ги глумат Brad Pitt, Edward Norton и Helena Bonham Carter. И како што е вообичаено за ремек-дела, Fight Club не доживува успех на почеток (патем, на студиото воопшто не им се допаднал филмот па не им давале ни кеш за маркетинг со цел да намалат загуби), но после извесно време си го заработува епитетот на култен филм и класика на нашата генерација. Авторот добива хардкор фанови кои му ги следат сите дела и потези до денешен ден.

И толку беше од Fight Club. Иако имаше најави за втор дел, ништо од тоа.

Се до 2015г. кога неколку пишувачи на стрипови го убедуваат Chuck Palahniuk да објави продолжение на Fight Club во стрип формат.

Станува збор за продолжение на истата приказна, 10 години подоцна. Sebastian (карактерот кој го глумеше Edward Norton во филмот) е под тешки терапии кои треба да го потиснат Tyler Durden (карактерот кој го глумеше Brad Pitt), сеуште во брак со Marla со која има едно дете. Но бракот им е мизерен а Sebastian е страшно монотон лик. Marla му ги отвара капсулите на апчињата и лекот го менува со шеќер, како последен очаен обид да си го спаси бракот да замре од досада. Tyler Durden се враќа на сцена. Rize or die!

За разлика од филмот, од првиот дел, во Fight Club 2 Tyler веќе има глобална (терористичка?) организација и неговите амбиции за „рестарт“ на светот кој е непоправлив се бајаги посериозни.

Да видиме што ќе направи. Ова вреди да се прочита. Особено што Fight Club 2 стрипот го добив во тврда корица како роденденски поклон пред некој ден. Ммммммммм…

Претходна статијаЖителите на Виена сериозно си ја сфаќаат својата приватност
Следна статија„Без изговори“ – нова кампања на РСБСП
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.