Во мај годинава во сила стапи новиот Закон за приватност на ЕУ. Законот донесе повеќе новини со цел да понуди подобра заштита на личните податоци на европските граѓани.

Но, законот имаше и непосакувани последици. Поради притисокот и огромните казни со кои се соочуваа(т) америчките компании, повеќе од нив (Чикаго Трибјун, Лос Анџелес Тајмс) решија да го блокираат пристапот до нивниот вебсајт за корисниците од Европа.

Постојат повеќе нејаснотии околу тоа колку е долга „чергата“ на овој закон. Веројатно ќе треба да поминат неколку години пред компаниите да се навикнат и прилагодат на неговите одредби.

Во Виена, граѓаните ги заменуваат плочките со нивните имиња што се прикачени на нивните врати од домовите. Презимињата ги заменуваат со бројки, за тие да бидат сигурни дека нема да бидат казнети за прекршување на законот за приватност. До крајот на годинава се очекува да бидат отстранети околу 220 илјади такви плочки само низ главниот град на Австрија.

Сето ова е показател дека ниту компаниите, ниту граѓаните не знаат како да се справат со новите правила за приватност. Оттаму и вакви потези. Подобро е да се спречи отколку да се лечи. Особено кога лекот чини премногу.

Претходна статијаSamsung Galaxy S10 ќе нема рамки околу екранот и ќе користи нова технологија за да го овозможи тоа
Следна статијаFight Club 2?